Економскиот совет на СДСМ дефинира нов пакет мерки за заживување на економијата и иден подинамичен развој, напиша премиерот Оливер Спасовски, на социјалните мрежи.
– Мерките треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на: директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија, вложување во домашното земјоделство – напиша Спасовски.
Како што додаде, следува период кога Владата, министерствата, директорите на економските институции ќе разговараат со синдикатите, коморите и сите други соодветни институции и ќе ги објавуваат самите мерки.
Економскиот совет на #СДСМ дефинира нов пакет мерки за заживување на економијата и иден подинамичен развој.Мерките…
Posted by Oliver Spasovski on Четврток, 07 мај 2020