Еднодневната изложба содржи 15 илустрации од уметникот Трајче Павлов, оригинално работени за ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“, промовирана на крајот на октомври.

Идејата е со поставување на илустрациите, просторот на филијалите од нетипично галериски да се трансформира во простор каде што клиентите ќе се сретнат со уметноста.

 

– Како поддржувачи на уметноста и културата, сакаме на нашите клиенти да им ја доближиме благородната природа на уметноста. Како банка на народот (халк на турски е народ), пред се’ мислиме на обичниот човек, кој можеби нема често можност за средба со уметничко дело во живо. Оттука и нашата желба да приредиме мало, пријатно изненадување токму преку илустрацијата како најзастапен ликовен израз – вели Маја Наумова Савеска од Халкбанк.

 

„Сликовницата на Халки“ е концепирана врз важни теми за најмладите: другарство, толеранција, прифаќање, инклузија и борбата за здрава животна средина. Таа има и
хуманитарна мисија – средствата од продажбата на секој примерок ќе бидат донирани за
поддршка на децата без родители и родителска грижа згрижени во СОС Детско село.
Во филијалата покрај илустрациите ќе биде поставен и кјуар-код за онлајн купување на
„Сликовницата на Халки“.

Од Халкбанк велат дека датумот и местото (филијалата) каде што следно ќе патуваат
илустрациите исто така ќе бидат изненадување.

Уметноста е медиум за силни пораки.