СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К.(34) од Штип поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што информира МВР, вчера во 11:40 часот полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот и пронашле 460 грама марихуана и таблети – екстази.