Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Седумдесет и тригодишен охриѓанец е приведен откако со пиштол му се заканлувал на сосед за паркинг-место. Во неговиот дом пронајдени се пиштол „застава“, пушка „застава“, куршуми и резервни делови.

– На 01.08.2026 во 13:05 часот  во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во 12:00 часот во ходник од станбена зграда во Охрид, по претходно недоразбирање околу паркирано возило вперил пиштол кон Г.К.(51) од Скопје, кој престојувал во истата зграда. Потоа полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при СВР Охрид извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени  и одземени дозвола за оружје, пиштол „застава“, пушка „застава“ , куршуми и резервни делови – информира МВР во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот, МВР најавува соодветна пријава.