Фото: МВР/илустрација

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар денеска привеле 58-годишен жител на селото Равен, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени дрога и муниција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицето Д.С. е лишено од слобода околу 7:30 часот, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претресот, извршен врз основа на судска наредба во неговиот дом и помошните простории, полицијата пронашла и одзела бела прашеста материја, марихуана и куршуми за пиштол.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.