Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од американскиот претседател Доналд Трамп да испрати противвоздушни системи „Патриот“, поради синоќешните руски напади кои го погодија Киев, Дњепар, Запорожје, Полтава и Харков, објави „Гардијан“.
Според украинското военовоздухопловство, Русија лансирала 73 проектили, меѓу кои осум хиперсонични „Циркон“, како и 656 дронови. Нападите предизвикаа загуби на човечки животи – најмалку 14 лица загинаа, десетици се повредени, а голем број беа заробени под урнатините.
Зеленски претходно побара од САД системи „Патриот“ и пресретнувачки ракети, нагласувајќи дека балистичките ракети претставуваат главна предност на Москва на бојното поле.
Системите „Патриот“ се единствено средство со кое Украина може да собори руски балистички ракети. Купувањето се реализира преку Иницијативата на НАТО за приоритетни потреби на Украина (ПУРЛ), финансирана од европските сојузници.


































