Ова е уште една прилика да се навратиме на македонската поговорка за „стоте стапа“ и да потсетиме дека таа служеше како морална максима, но и потреба за критичко размислување. Со други зборови, стоте стапа на македонски грб што пристигнаа од Софија не беа почувствувани од Париз, но кога некој посилен од Франција ѝ го прави истото тоа нејзе, тогаш станува болно, тогаш станува збор за уцени… каков апсурд!
Македонските народни поговорки произлегоа од вековната усна традиција при битисувањето на македонското село, каде што се испреплетуваа аграрниот живот, христијанството и повеќевековното македонско наследство. Во минатото, селските раскажувачи ги канализираа секојдневните искуства (како што се жетвата, семејните врски или правдата) во јасни и незаборавни изреки пренесувани на собири покрај огништата, народните веселби или верските празници. Македонските поговорки ја одразуваа политичката и социјалната неправда низ петте века на османлиската власт, но и отпорноста и моралните вредности на македонскиот народ. Бидејќи стапката на писменост беше многу ниска до средината на 19 век, поговорките беа жива „библиотека“ што ја зачува македонската колективна мудрост, со што се овозможи секоја нова македонска генерација да наследи практични и мудри нешта за работата, здравјето или правдата.
Не случајно македонските поговорки ги опфаќаат основните културни вредности и општествени норми, кои постојано се повторуваат, како што се семејството, солидарноста, здравјето, правдата или чесноста. Совршен пример за ова е македонската поговорка во која се вели дека „каде што владее силата, правдата не постои“ или „сто стапа по туѓ грб не болат“. Македонскиот селанец бил мудар човек и не случајно ја осмислил поговорката за стоте стапа, бидејќи луѓето честопати туѓата болка и мака не ги чувствуваат, но со поттик да се има сочувство за маката и проблемите на другите, односно чувство за положбата на другиот.
Дека нештата понекогаш функционираат на овој начин се потврдува и од последното искажување на францускиот претседател Емануел Макрон на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севилја, Шпанија. Но што точно рече Макрон? Според него, „треба да ги вратиме слободата и еднаквоста во меѓународната трговија, многу повеќе од бариерите и царините што ги осмислуваат најсилните и кои често се користат како ИНСТРУМЕНТИ НА УЦЕНА, а не како инструменти за ребалансирање“. Види богати?!
Францускиот претседател (од страви респект) сепак не посочи точно кој применува инструменти за уцена (САД), но експертите се согласни дека станува збор за економските политики на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација. Конкретно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната „пауза на царините“ за повеќето земји по крајниот рок за преговори (среда, 9 јули) и дека неговата администрација ќе ги извести земјите дека „трговските санкции ќе стапат во сила доколку не се постигне договор“, нешто што се однесува и за земјите членки на Европската Унија. Со други зборови, американската администрација на Трамп се обидува да склучи договори што ќе бидат во полза на американската економија, но и олабавување на ригидните бариери на Европската Унија за некои американски производи, како што е челикот или автомобилската индустрија.
Ова е уште една прилика да се навратиме на македонската поговорка за „стоте стапа“ и да потсетиме дека таа служеше како морална максима, но и потреба за критичко размислување.
Со други зборови, стоте стапа на македонски грб што пристигнаа од Софија не беа почувствувани од Париз, но кога некој посилен од Франција ѝ го прави истото тоа нејзе, тогаш станува збор за уцени, каков апсурд!
Дека нештата понекогаш функционираат на овој начин се потврдува и од последното искажување на францускиот претседател Емануел Макрон на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севилја, Шпанија. Но што точно рече Макрон? Според него, „треба да ги вратиме слободата и еднаквоста во меѓународната трговија, многу повеќе од бариерите и царините што ги осмислуваат најсилните и кои често се користат како ИНСТРУМЕНТИ НА УЦЕНА, а не како инструменти за ребалансирање“… Ама, ви се молам?!
Лица што се добро запознаени со оваа проблематика велат дека оваа е совршена шанса Париз да ја промени својата политика кон Македонија, конкретно нејзините позиции кон уценувањата на Бугарија за нашиот пристап во Европската Унија. Кога Софија постави вето и уцени за започнување на македонските пристапни преговори со ирационални и националистички барања, францускиот претседател Макрон изјави дека треба да се има разбирање за бугарските барања. Притоа Франција како една од најважните држави во ЕУ молчеше и сѐ уште молчи за бугарските уцени.
Во ситуација кога светот и Европа се соочуваат со многу политички и економски предизвици, Брисел, но и моќните држави како што е Франција треба да разберат дека сојузништвото се гради со сочувство за проблемите на другите, односно со чувство за положбата на другиот, а не со давање поддршка на неправдата и уцените. Франција се најде во ситуација како во поговорката во која се вели дека сто стапа по туѓ грб не болат, но ова е и потврда дека Париз го стигна кармата и дека универзумот бара баланс. Макрон и првите луѓе на Европската Унија треба конечно да запрат и да размислат за нова перспектива за односите со Македонија. Времињата се менуваат!