Два автомобила биле опожарени утрово во Сараево, јавуваат сараевските портали.
Според истите извори, еден од опожарените автомобили и припаѓа на полицајката која работела на откривање на авто-мафијата.
Од сараевската полиција соопштуваат дека пожарот избувнал во ненаселен дел на градот и дека никој не бил повреден.
Според неофицијални информации, пожарот бил подметнат, но повеќе детали ќе бидат познати по вештачењето.
Одделни портали не ја исклучуваат можноста пожарот да бил предизвикан од мигранти кои во гаражата запалиле оган за да се згреат.