Седењето со часови може да ги намали когнитивните способности на мозокот

Неколкупати сум пишувала за когнитивното пропаѓање кај возрасните лица, особено за Алцхајмеровата деменција – најголемата закана во староста. Да потсетам, Алцхајмеровата болест е невродегенеративно заболување што обично започнува бавно и прогресивно се влошува. Се смета дека болеста започнува дури десет години наназад пред да биде поставена дијагноза. Таа е причина за 60–70 отсто од случаите на деменција. Најчестиот ран симптом е тешкотијата во помнењето на неодамнешните настани. Како што напредува болеста, симптомите може да вклучуваат проблеми со говорот, дезориентација, промени во расположението, губење на мотивацијата, самозанемарување и проблеми во однесувањето. Според најновата здравствена статистика, секои 3,5 секунди некој во светот заболува од оваа болест, а моментално над 10 милиони луѓе имаат потврдена дијагноза. Според тоа, оваа болест навистина е закана за сите возрасни над 50-та година од животот.
Иако постојат генетски предиспозиции, како најголеми ризични фактори се сметаат стилот на живот и секојдневните навики.
Најновото истражување од Универзитетот „Вандербилт“ минатиот месец објави резултати од студија во која најбитните наоди укажуваат дека продолженото седечко однесување кај возрасни над 50 години е поврзано со когнитивен пад и намалување на волуменот на мозокот во регионите ранливи на Алцхајмерова болест. Дури и кај оние што редовно вежбаат, поминувањето повеќе време седејќи е поврзано со полоши когнитивни исходи.
Ефектот бил најсилен кај лицата што го носат генот APOE-e4, главен генетски фактор на ризик за Алцхајмерова болест. Овие наоди сугерираат дека прекинувањето на седечкото време во текот на денот може да биде клучна стратегија за заштита на здравјето на мозокот и намалување на ризикот од Алцхајмерова болест, особено кај генетски ранливите лица.
Над шест милиони Американци се погодени од Алцхајмерова болест, а истражувачите од Медицинскиот центар на Универзитетот „Вандербилт“ и Универзитетот во Питсбург откриваат како животните навики можат да влијаат на веројатноста за развој на болеста.
Според најновата истражувачка студија објавена во списанието „Алцхајмерова болест и деменција“, истражувачите откриле дека зголеменото седечко однесување, времето поминато во седење или лежење, кај постарите возрасни лица е поврзано со полошо когнитивно однесување и намалување на мозокот во областите поврзани со ризик за развој на Алцхајмерова болест.
Овие заклучоци биле поизразени кај учесниците што го носеле алелот APOE-e4, генетски фактор на ризик за Алцхајмерова болест, што укажува дека намалувањето на седечкото време може да биде особено важно за постарите возрасни лица што се изложени на зголемен генетски ризик за Алцхајмерова болест.
Истражувачката студија ја раководела Мариса Гогњат, докторка по филозофија, доцентка по неврологија на Питсбург и постдокторска соработничка во центарот за меморија и алцхајмерова болест „Вандербилт“.

Тимот истражувачи ја испитале врската помеѓу седечкото однесување и невродегенерацијата кај 404 возрасни лица на возраст од 50 години и постари.
Учесниците во студијата носеле часовник што континуирано ја мерел нивната активност во текот на една недела. Нивното седечко време потоа било поврзано со нивните когнитивни перформанси и скенирања на мозокот направени во текот на седумгодишен период на следење.
Учесниците што поминале повеќе време седејќи имале поголема веројатност да доживеат когнитивен пад и невродегенеративни промени без оглед на тоа колку вежбале.
Овие заклучоци биле посилни кај учесниците што го носеле алелот APOE-e4, генетски фактор на ризик за Алцхајмерова болест, што укажува дека намалувањето на седечкото време може да биде особено важно за постарите возрасни лица што се изложени на зголемен генетски ризик за Алцхајмерова болест.
Намалувањето на ризикот од Алцхајмерова болест не е само вежбање еднаш дневно. Минимизирањето на времето поминато во седење, дури и ако вежбате секојдневно, ја намалува веројатноста за развој на Алцхајмерова болест.
Следствено, од клучно значење е да се проучат изборите на начин на живот и нивното влијание врз здравјето на мозокот како што старееме, велат истражувачите.
Студијата покажа дека намалувањето на времето за седење може да биде ветувачка стратегија за спречување на невродегенерацијата и последователното когнитивно опаѓање.
Ова истражување ја истакнува важноста на намалувањето на времето за седење, особено кај постарите возрасни лица со зголемен генетски ризик од Алцхајмерова болест. Од клучно значење за здравјето на нашиот мозок е да правиме паузи од седењето во текот на денот и да се движиме за да го зголемиме нашето активно време.
Според тоа, седечкото однесување може да биде модифицирачки фактор на ризик за Алцхајмерова болест.
Учесниците во проектот за меморија и стареење „Вандербилт“ (n = 404) биле испитувани со актиграфија (седум дена), невропсихолошка процена и магнетна резонанца на мозокот во период од седум години. Пресечните и лонгитудинални линеарни регресии се испитувани седентално (во седечка положба).
Актиграфијата е техника за мерење на вашата активност. Се носи алатка наречена актиграф, која го регистрира вашето движење. Изгледа како рачен часовник. Може да открие нарушувања на спиењето или шеми во вашиот циклус на спиење и будење што влијаат на вашето здравје.

Во моделите на пресек, поголемото седечко време е поврзано со помалку невровизуелизација кај Алцхајмеровата болест и полоша епизодна меморија. Асоцијациите се разликувале според статусот на APOE-е4. Во лонгитудиналните модели, поголемото седечко време е поврзано со побрзо намалување на волуменот на хипокампусот и намалување на именувањето (предмети, случки), како и брзината на обработка на информациите.
Клучни факти од оваа студија:
Независно од вежбањето: Поголемото седечко време довело до когнитивен пад дури и кај оние што редовно вежбаат.
Генетски фактор на ризик: Ефектите биле поизразени кај носителите на APOE-e4.
Влијание врз мозокот: Седечкото однесување било поврзано со намалување на мозокот во текот на седум години.
Според тоа, мојот апел за возрасните, но и за сите луѓе, би бил: движете се, пешачете колку што можете секојдневно и не седете и не лежете пред ТВ-екраните.