Разоткривање на вредностите на македонската култура

Македонската модерна уметност може да се гордее со името и делото на Стефан Маневски (но и на низа други наши извонредни автори), кое сѐ повеќе, потврдено, го држи своето место под сводот на македонската култура и историја на уметноста. Таа има цел да ја слави работата на овој автор, но сите слични поставки се важни затоа што претставуваат потсетување и афирмација на творештвото на македонските современи уметници

Јубилејна изложба „90 години од раѓањето на Стефан Маневски (1934-1997)“, која се отвора вечерва во „Даутпашиниот амам“, посветена на еден од најинвентивните македонски скулптори, чие творештво е особено важно за еволуцијата на македонската скулптура, како што стои во најавата е заложба на Националната галерија да ги чува и презентира најсеопфатно можно достигнувањата на најзначајните македонски уметници земајќи ја предвид улогата што ја имале во создавањето и трасирањето на тековите на македонската модерна и современа уметност. Неговото творештво е од особено значење за еволуцијата на македонската скулптура. Маневски беше скулптор со изградена творечка физиономија карактеристична за една епоха во современата македонска скулптура. Тој е припадник на генерацијата што направи пресврт во пристапот на третирање на скулптурата пред сѐ, наедно продлабочувајќи го интересот за еден посамостоен и посложен пристап во трансформацијата на проблематичкото егзистенцијално искуство во сферата на естетското, а во согласност со најавтентичните уметнички тенденции во современата ликовна уметност…
Ваквите ретроспективни претставувања на доајените на модерната во Македонија имаат цел да ја слават работата на македонските уметници, да потсетат и да го промовираат нивното творештво.

За исполнување на оваа цел е неопходно нивно поинтензивно присуство, што како краен резултат ќе донесе поголема почит за македонската современа уметност, особено кај новите генерации. Намерата на оваа, но и другите слични изложби што редовно ги организира Националната галерија, особено во последниве десетина години, е да овозможат следење на развојот на ликовната уметност во Македонија со сите нејзини специфичности, почнувајќи од средината на 20 век, со појавата на првата генерација современи ликовни уметници. Овие поставки се значајни од повеќе аспекти, освен што изборот на дела вообичаено е исклучителен. Важни се пред сѐ затоа што на едно место одново ги разоткриваат старите мајстори од домашната ризница, нешто што е практика насекаде во светот.
Македонската модерна уметност може да се гордее со името и делото на Стефан Маневски (но и на низа други наши извонредни автори), кое сѐ повеќе, потврдено, го држи своето место под сводот на македонската култура и историја на уметноста. Таа има цел да ја слави работата на овој автор, но сите слични поставки се важни затоа што претставуваат потсетување и афирмација на творештвото на македонските современи уметници. За исполнување на оваа цел е неопходно поинтензивно присуство на творештвото и на делата на македонските современи уметници, што како краен резултат ќе донесе поголема почит за македонската култура и современата уметност, особено кај новите генерации. Нивната присутност, односно присуството на нивните дела во нашето културно опкружување, треба да биде константно за да можеме како културна средина, а особено помладите генерации, да имамe појасна претстава за достигнатите вредносни модели што биле создадени и што, како однос кон светот и уметноста, мораат да бидат продолжени… Делата на основоположниците на современото македонско сликарство и на втората генерација македонски ликовни уметници: Димитар Андонов-Папрадишки, Лазар Личеноски, Димитар Аврамоски-Пандилов, Никола Мартиноски, Вангел Коџоман, Димче Коцо, Томо Владимирски, Ангеле Иваноски, Ванчо Ѓорѓиески, Јоне Симонче, Спасе Куноски, Миле Корубин, Петар Мазев, Димитар Кондовски… се врвни дострели во македонската ликовна уметност.

За исполнување на оваа цел е неопходно поинтензивно присуство на творештвото и на делата на македонските современи уметници, што како краен резултат ќе донесе поголема почит за македонската култура и современата уметност, особено кај новите генерации. Нивната присутност во нашето културно опкружување е знак на грижа за културното наследство што го поседуваме како држава

Наместо поранешните настојувања на првата генерација да се донесе светот/светската уметност во Македонија, овие уметници го направија она творечко достигање на светот – македонските уметници на светот да му го дадат својот автентичен придонес. Оттука наша голема одговорност е да се исполнат ветувањето и долгот кон историјата на уметноста, кон нашето културно наследство и, на крајот, кон домашната публика, затоа што е неприфатлива секоја, дури и неколкугодишна, пауза во која сме осиромашени за едно богато визуелно задоволство какво што е доживување на делата на македонските автори што со својот индивидуален пристап оставиле длабоки траги во современата ликовна историја. Само на овој начин, репрезентативните дела што ги поседуваме ќе станат подостапни не само за домашната туку и за странската јавност. А тоа во крајна линија е знак на грижа за нашето културно наследство.