„Првиот чекор да се уништи еден народ е да му го избришеш сеќавањето. Уништи му ги книгите, културата историјата и тој народ ќе заборави што е и што бил“
Милан Кундера
Гледам насловот на денешнава колумна ти е познат, драг читателу, и ти веќе ме обвинуваш за тавтологија. Во право си. Тој е речиси стопостотно повторување на насловот на мојата колумна „Албанскиот влог во македонскиот геноцид“ од 27/28 август 2024. Сега е тоа варијација на тема: македонски „Болеро“, но не во музичка варијанта на Равел, туку во варијанта на македонската депресивна ситуација на континуално ништење. Конкретно, овој текст го иницира градоначалникот на Тетово, Билал Касами, водач на партијата Беса, кој градот под Шара го дефинира во серија како „албански град во Северна Македонија“ или „главен град на Албанците во Северна Македонија“ итн. Така него тој му го претстави и на Албин Курти на заедничката дива седенка во Тетово минатата година. И сето тоа спаѓа во концептот на Касами на неговиот сон за „редефинирање на Македониjа“, како би можела според него да функционира таа. Нешто што се надоврзува на сличниот концепт пред тоа на Арбен Џафери, а по него на Али од 2001 година.
Да. Но сега да видиме дали е нова дефиницијата на Касами за Тетово како албански град, во поттекстот на голема Албанија, или таа има cвoja генеза и континуален тек. А сè со цел да се потиснат Македонците до ѕид, меѓу другото и со бришење на нивната колективна меморија, проектот впрочем и на Европа од 1878 наваму, а во кој за таа цел се впрегнати и балканските канибали настрвени кон Македонците: Грците, Бугарите и Албанците. Денес и со Преспа 2018, пак, тој проект е уште повеќе интензивиран од таканаречената „меѓународна“ заедница на здружените сили за мемориско ништење на Македонците, но истовремено и на нивно физичко потиснување од родните огништа. Билал добро го сфатил тоа и го подигнал на ента степен својот адреналин. Имено, за да го направи Тетово апсолутно во сè „албански град“, тој наумил и менување на над 300 улици и топоними, преведувајќи ги од македонски во албански. Тоа, пак, ќе го прави со Бадинтеровиот закон, волшебната абракадабра-алатка за потиснување на демократијата и на Македонците, закон што мириса по аналогија на Хитлеровите законски акти пред Аушвиц за Евреите. Оти славниот правен Француз свесно се вклопи со него во бриселската политперверзија за тотална деструкциjа на младата македонска држава по распадот на Југославија и демолирање на Македонците и македонизмот.
А сега конкретно за континуалните изохипси на Касамовата дефиниција, по големоалбанска мерка, на Тетово. Некаде во средината на 90-тите од минатиот век, кога веќе се насетуваше оддалеку звукот на НАТО-бомбардерите над Орбита и кога се дуваше големоалбанското его, бев поканет од организаторот на еден албански настан во домот на културата во Тетово, дефиниран како културен. Како ме поканиле не знам, бидејќи на настанот не видов друг македонски писател и нешто слично. Веројатно оцениле дека (тогаш) мојот наднационален хоризонт одговара на настанот. Домот на култура беше исполнет само со Албанци, претежно од Косово. Немаше игла кај да пуштиш. До мене сал седеше Лили, едно екстраинтелигентно девојче, Македонка, медицинска сестра што работи во Швајцарија, инаку и полиглот што знае совpшено пет-шест јазици. Меѓу другото и албански. Говорите на сцена почнаа, само на албански без никаков превод на македонски, проследени со силни аплаузи. Се чувствував навистина, плус и како поканет од организаторот, депресивно. Не сакав да ја вознемирувам Лили да ми преведува.
Но за тоа ја замолив по запенетиот вехементен говор на за мене немуштиот јазик на косовскиот академик, расен албански националшовинист, Реџеп Ќосја кога одекна во финалето на говорот еден екстрасилен аплауз од кој само што не напукнаа ѕидовите на салата и не испопаѓа малтерот од нив. „Што се случи, Лили?“ А Лили рече дека таквиот безмалку катастрофичен аплауз се должи на завршните зборови на етнонациакадемикот од Косово, во кои тој го дефинира Тетово како трет главен град на Албанците по Тирана и Приштина. Да. И, значи, еве го сега тука и нашиот темен убавец (Le beau tenebream, како што би рекле француските романтичари) Билал Касами, кој веќе знаеме на кој извор пие „жива“ вода, или мртвица, како што се вика кај Македонците застоената вода во мочуриштата. Во случајот за кој станува збор тоа мочуриште ние, драг читателу, го дефинираме со илузионистичката слика голема Албанија, или Илирида како што милуваат него сега да го именуваат модерните Албанци. Инаку, за мртвицата, застоените и полни со пајажина и темни привиденија води, е специјалист во својата велелепна со некрофилски мирис поезија Е.А. По. Таа негова тема ингениозно есеистички jа елаборира Гастон Башалар. А од таквата мувлосана застоена мртвица пиjат и Реџеп Ќосjа и Билал Касами и коjзнае уште колку албански „илирци“. А всушност тоа е нездравата вода на Бали комбатар на Џемо и Мефаил.
Така. И тука во случајот со психопатолошка нацидијагноза, драг читателу, сме на теренот на еден психоантрополошки комплекс. На теренот на психологијата на ордата со палеолитска, ледена генеза на хибернизираниот ум, тој што им е својствен на Билал, Али, Ќосја и другите браќа – сијамски близнаци во кои е конзервирана уште од праисторијата трибалистичката психологија на ордата. А тоа ние сега, драг читателу, ќе го илустрираме симболички со сликата на палеолитска предисториска Алтамира пред чии камени видови стои човек со камена секира за борба со човекот од ордата на другата пештера или племе. Да. Ама убавиот парадокс е во тоа што во таа и таквата орда имало и понекој убав „изрод“ од неа. Тој имал друга, интуитивна визија за постоењето, различна од психологијата на ордата како претходник и на модерниот канибалистички дарвинизам на егзистенцијата во гордиот либералкапиталистички свет денес. Дарвин пред Дарвин. И првиот од овие два архетипа на прачовекот на ледената епоха е надвор и со камена секира пред камените ѕидови на Алтамира, а вториот е внатре (читаj: во себе, првиот Нарцисов поглед во битието), каде што ја слика душата на егзистенцијата во една совршено реалистична и метафизичка визија на постоењето. Во него уште на праисторискиот почеток зрачи естетското пред варварското.
Маркузе во серијата темелни антрополошки опозити го подвлекува и можеби најглавниот според него опозит „цивилизација – култура“. Но тука нешто сериозно превидел. Имено, исправно поставен тој опозит треба да гласи „култура – варварство“, а цивилизацијата тука е само сад што ги содржи двете овие супстанции. Оти така стојат впрочем работите, драг читателу, и со палеолитската Алтамира со сликата на човекот пред неа со камена секира (секирата на ордата), и човекот внатре со камено резбарско глето, земјени бои и четкичка со кои ја проектира убавата слика на своето естетско битие на камените палеолитски ѕидови како слика на човечката егзистенцијална хармонија, плод на онтолошкиот нагон за Убавото. Тоа, пак, од своја страна значи дека визијата на Достоевски за Убавината како спасителка на светот не е нова. Фасцинантно! Оти нагонот за Убавото е праисториски факт. Исто како и нагонот за варварство, за жал.
Е, по оваа подолга дигресија на психоантрополошка егзегеза со сликата на Алтамира и двата архетипа на човекот, едниот со камена секира на воинствената орда пред неа и другиот со четкичка од бизонски влакна и земјени бои што ја проектира естетската душа на камените ѕидови како слика на човекот-човештво (Шлаермахер), треба да видиме, драг читателу, каде е тука некаде Билал Касами. Јасно е, тој e тука човекот на палеолитот надвор (надвор од битието) со камената секира како симбол на ордата, не оној внатре со поглед во битието уште пред оној знаменит натпис над влезот во Делфи „Спознај се себе“. Не. Тоа е тоа. Но никој не може да ти ги одмрзне замрзнатите ледени клетки на умот со праисториска психологија на ордата ако тоа не го сториш ти самиот, со јога, со молитва, зен-светлина или со која било друга техника за одмрзнување од долгиот палеолитски праисториски сон и ум. Ако сака, пак, Билал Касами да се одмрзне и да влезе барем за почеток во епохата на неолитот по 50 милиони палеолитска зима, како што тврдат научниците, нека проба со некој метод на длабинска хируршка авторизација, макар колку и да би бил тој болен за него. Друг лек нема. И светлината може да биде шок-терапија по толку долг период на живот во темница.
Да. Оти тука не e лек, туку онтолошки отров, драг читателу, сонот за Илирида и Тетово како „главен албански град“ на Касами. Не. Во случајот со него и Илирида, пак, темата култура-варварство е сијамска близначка, која коинцидира со темата домородци-дојденци, каква што е од прадамнина македонската ситуација. Имено, тука доаѓаат далечни дојденци за „среќа“ на Македонците, на југ од нив, од супсахарска Африка, патолошки миленици на едиповска Европа за да го реализираат геноцидниот Преспански договор, а од исток неточно и западно од нив се населуваат дојденците на хан Аспарух од Казан на Волга и Албанците (негде во 17 век) од Кавказ. Дека е тоа точно во однос на Албанците кажува и еден турски попис на населението на Отоманската Империја на овие простори од 1430/31 г., во кој не е попишан ни еден Албанец на овие простори. А знаеме колку биле акрибични отоманските пописи. Тоа, пак, од своја страна ја укинува возможноста дека Албанците се Илири, староседелци на овие простори, теорија-конструкт на албанските историчари. Така, дојденците од Кавказ, супсахарска Африка (Данајците/Грци) и од Казан на Волга (татаротуркменските Бугари) во борба за територии варварски го потиснуваат сè до денес домородното македонско население, посегнувајќи и по негово идентитетско ништење. Секој за себе од дојденците го правел тоа на свој начин, но со слични репресивни средства. Сето тоа, пак, во големата историска слика изгледа како синхронизиран акт на ништење, на геноцид на Македонците, во кој покрај Грците и Бугарите (сега и со Преспанскиот договор и „француската рамка“) учествуваат и Албанците. Во сето тоа се вклопува и концептот Тетово како „главен град на Албанците“, како и намерата на Билал Касами да преименува над триста улици и топоними со македонски знак во албански. Тоа е според теркот на грчкиот државен нацифашистички закон од 1926 година, со кој се грцизираа сите македонски топоними во Егејска Македонија во грчки за да се затре и на камењата македонската меморија. Е тоа сега го прави и Билал Касами заедно со обновениот Бали комбатар на Али и неговата политичка терористичка екипа. Со таа разлика од Грците што тие го прават тоа во, како што стојат работите на овој план, во туѓа држава без закон и со беззаконие. За жал. Така и се преименува, на пример, училиштето „Ѓорѓија Пулески“ во реканско Ростуше со името на најголемиот македонски преродбеник во името на некојси локален анонимен албански бизнисмен, што е пред сè срам за Македонците што дозволиле такво дивеење и ништење дома кај нив на нивните мемориски белези. Тоа сега Албанците од типот на Касами го прават и со Бадинтер, кој, рековме, потсетува на некои Хитлерови правни акти против Евреите, кои сега тука по аналогија се Македонците.
Јасни се работите. Некој тука како Билал и компанија чувствува дека сме навистина „смачкано племе“ (Конески), па треба додека е и поволен ветерот за тоа од Брисел да се досмачкаме. Така мисли Билал со неговиот „главен албански град“ среде Македонија, која тој ја гледа како албанска Илирида. Потезите како неговите со преименување на македонски знаци, симболи и архетипови се par excellence геноцидни. Македоноцидни. Затоа е потребна брза македонска државна реакција, итно да се укине антидемократскиот Бадинтер и да се донесе закон за забрана (и казна) за геноцидно посегање по македонскиот мемориски идентитет во сите негови облици дома. Потребно е некој да направи бела книга за штетите по Македонците од Бадинтер (придружен со балансер и разноразни слични антидемократски инструменти), како и за сè македонско од меморијата што е на еден варварски начин избришано и преименувано во албански идентитетски код. Тоа мора итно, уште утре да се направи по брза постапка, за да се вратат, во своето генеричко мемориско лежиште насилнички, со подмолен политички варваризам од Албанците кај нас избришаните македонски идентитетски знаци и да се разрешат од функции протагонистите на таквото варварство. Најмалку тоа. Оти како, драг читателу, поинаку да се одбраниме од тоа дивеење и мемориско ништење што се одвива пред наши очи дома. Не треба притоа и тука да се браниме со концептот „одложено дејство“, оти тоа е погубен концепт за нас во таква ситуација. Оти ние со тоа само ја одлагаме смртта со смрт. Со ништо друго. Оти, рече Кундера, кој доаѓа од многу понеранлив и помалку ништен народ од Македонците: „Првиот чекор за да се уништи еден народ е да му го избришеш сеќавањето. Уништи му ги книгите, културата, историјата и тој народ ќе заборави што е и што бил“. Тоа го знае сјајниот чешки писател, ама изгледа Билал Касами, парадоксално, уште подобро го знае од него. Тоа подобро го знаеле од Кундера и теориски и практично со јазикот на варварството во минатото, но и сега и Грците и Бугарите и Албанците и не запираат во нивниот генерален проект за мемориски македоноцид. А тука од страна на современите разединети Македонии е потребна голема борба за одбрана од тоа варварство, кое, за жал, патем го поддржува и ЕУ.