Се сплотивме на денот кога Христос оди при Св. Јован на јорданските води, а тоа можеше да го посведочи сета македонска јавност, кога не суштествуваше мислата за наши и нивни. Но ова сплотување не треба да има стварност само во некои денови од годината, туку, напротив, тоа треба да се манифестира постојано. Само на тој начин ќе ги заштитиме националните и државните интереси, но ќе имаме и подобро здравство и образование
Христовата вера не познава етничка или политичка припадност, не случајно Исус од Назарет проповедал дека „секој што упорно се гневи на својот брат, ќе одговара пред суд. А оној што ќе го нарече својот брат со навредливо име, ќе одговара пред највисокиот суд. А оној што ќе му рече дека не заслужува да живее, и самиот би можел да се најде во огнот на геената (симбол на потполно уништување)“. Со други зборови, христијанството е религија на помирување, соживот, зближување и сѐ така до бесконечност, оттука христијанската вера може да ги зближи и најголемите непријатели.
Македонија како држава, нација и општество е поделена на наши и нивни, а кавгите честопати се и за апсурдни нешта. Но колку и да звучи чудно, христијаните знаат да се сплотат и да ги заборават несогласувањата, несогласувања што потекнуваат поради одредена политичка провениенција. Совршен пример дека лошата мисла и лошиот збор може да исчезнат е токму христијанскиот празник Водици, денот кога Христос оди при Јована на јорданските води, ден за кој се верува дека сите води се крстени.
Само замислете, низ сета македонска земја, во сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода, најчесто река или езеро, а луѓето (без разлика на нивната политичка припадност и убедување) заеднички скокаат во водата, обидувајќи се да го фатат крстот. Во овој момент не суштествува мислата наши и нивни, туку, напротив, сите се исти, сите се еднакви. Оттука, тезата дека македонските граѓани не можат да се обединат е празна флоскула.
Вистина е дека во македонското општество постојат поделби, но македонските граѓани знаат да се обединат кога станува збор за националните интереси, како што беше референдумот од 1991 година, кога 1.079.308 граѓани, односно 96,46 отсто гласаа за суверена и самостојна Македонија.
Денес како нација и држава се соочуваме со егзистенцијални проблеми, како што се негирањето на македонските национални особености, обидите за дестабилизација на македонското општество поради одредени лични и политички интереси, корупцијата, нефункционалното здравство итн., но тоа не значи дека нема решение за овие проблеми. Не мора многу да обмислуваме, бидејќи понекогаш решенијата се едноставни. На Македонија како држава, нација и општество ѝ е потребно сплотување, затоа што сплотувањето овозможува подобра координација, соработка и комуникација. Само сплотеноста околу националните интереси, односно заедничките активности кон проблемите, ќе ни овозможи решавање на споровите и конфликтите, како и позитивна динамика на македонското општество.
Македонија како држава, нација и општество е поделена на наши и нивни, а кавгите честопати се и за апсурдни нешта. Но колку и да звучи чудно, христијаните знаат да се сплотат и да ги заборават несогласувањата, несогласувања кои потекнуваат поради одредена политичка провениенција. Совршен пример дека лошата мисла и лошиот збор може да исчезнат е токму христијанскиот празник Водици, денот кога Христос доаѓа при Јована на јорданските води, ден за кој се верува дека сите води се крстени
Се сплотивме на денот кога Христос оди при Св. Јован на јорданските води, а тоа можеше да го посведочи сета македонска јавност, кога не суштествуваше мислата за наши и нивни. Но ова сплотување не треба да има стварност само во некои денови од годината, туку, напротив, тоа треба да се манифестира постојано. Само на тој начин ќе ги заштитиме националните и државните интереси, но ќе имаме и подобро здравство и образование, а Македонија ќе биде напредна држава.
На крајот, ќе цитираме неколку пасуси од Библијата, пасуси во кои се вели: „Ве повикувам, браќа и сестри… сите да се согласувате еден со друг во она што го зборувате и да нема поделби меѓу вас, да бидете совршено обединети во умот и мислата… Конечно, браќа и сестри, радувајте се! Стремете се кон целосно обновување, охрабрувајте се еден со друг, бидете со една мисла, живејте во мир… Сите верници беа едно по срце и ум. Никој не тврдеше дека некој од нивните имоти е нивни, но тие споделуваа сѐ што имаат… Нема ниту Евреин ниту неевреин, ниту роб ниту слободен, ниту има машко и женско… Не правете ништо од себична амбиција или суетна вообразеност. Наместо тоа, во понизност вреднувајте ги другите над себе“.