Време е за пресекување на Гордиевиот јазол

Имајќи ја предвид целокупната атмосфера што се создаде во јавноста, а пред сѐ последните изјави на водечките луѓе на државата, тогаш треба да очекуваме сериозно ресетирање на целокупниот правосуден систем, на сите нивоа, и се разбира тоа да биде во рамките на Уставот и законите. Секое отстапување макар за најмала ситница или, пак, не дај боже политичка калкулација, подоцна ќе се врати како непремостлива пречка. Затоа е исклучително важно да се внимава на секој нареден чекор за да не се најдеме во слична ситуација и во иднина

Повеќепати токму на овие страници сме потенцирале дека владеењето на правото е фундаментот врз кој се темели секоја ефикасна борба против криминалот и корупцијата, па поради тие причини тоа е и базичниот критериум врз кој се оценува подготвеноста на една земја за зачленување во Европската Унија. Македонија уште одамна зачленувањето во ЕУ го одреди како своја стратегиска цел, но во овие нешто повеќе од три децении самостојност исклучително малку направи во воспоставувањето независен правосуден систем, кој ќе биде монолитен столб на функционирањето на правната држава. За жал, наместо владеење на правото, македонската јавност сиве години е сведок на масовна политизација на правосудството, што доведе до ситуација политички партии да си инсталираат судии и обвинители по нивен терк, кои наместо да работат според словото на законот, постапуваат според партиските директиви или коалициски политички договори. А распонот на селективниот приод во правосудството што е одгледуван низ минатите години е доста широк: од прогледување низ прсти за сообраќајни прекршоци за свои партиски колеги кога ќе се најдат пред судија за прекршоци, па до сторени тешки кривични дела што се заклучуваат во фиоки или сефови, па застаруваат… И сето тоа пред очите на јавноста, која во изминатите децении тотално ја загуби довербата во правосудството. Ах, да, да не ги заборавам и таканаречените хашки случаи… И повеќе од драстичен пример, каде што и друг столб на власт (законодавен), вмеша прсти… Хаг ги врати предметите на одлучување на македонските судови што се однесуваа на воени злосторства, а тоа е предмет што никогаш не застарува и кој требаше да го одлучат домицилните судови. Но, нашите судови, под притисок на политиката, најдоа соломонско решение да го префрлат жешкиот костен на Собранието, кое даде некакво „автентично толкување“ и предметите завршија ад акта. Преседан што на најдобар начин ги отсликува „силата и значењето на правосудството во целина“ и спрегата што постоела.
Токму затоа никого не го изненадува фактот дека во изминатиот период сѐ почесто испливуваа на површина случаи со корумпирани судии и обвинители, што јасно говори дека борбата со криминалот и со корупцијата во државата ќе биде невозможна мисија ако не се направи сериозно „длабоко орање“ во правосудството.

Како резултат на сето тоа дојдовме во ситуација довербата на јавноста кон правосудството да падне на мизерни два процента. Очигледно е дека станува збор за хронична болест на еден значаен сегмент на секоја држава, што не остана незабележано ниту од страна на меѓународната јавност. И од Брисел и од Вашингтон во целиот овој период доаѓаа најпрво укажувања дека треба нешто сериозно да се смени, за потоа да следуваат и конкретни совети, но и огромни суми пари, во надеж дека состојбите ќе се променат на подобро. За жал, состојбите не се променија туку тонеа во канџите на политиката.
Како светол пример во еден период странците ја оценуваа Академијата за судии и обвинители, но, за жал, со промените на раководниот кадар и таму политиката успеа да се наметне и да се искомпромитира и овој редок светол пример. Резултатите на таквото влијание на политиката веќе се видливи секојдневно.
Кога така ќе се комплетира сликата, тогаш никого не го изненадува фактот дека странците повторно решија да преземат одлучни чекори.
„Корупцијата, во каква и да е форма, не треба да се толерира во оваа земја. Оние што го поткопуваат владеењето на правото за лична корист и на сметка на народот на С. Македонија треба да сфатат дека корупцијата има последици.

Секое одложување дополнително ќе ја комплицира ситуацијата. Исто така, јасно е дека секоја реформа може да биде болна, но тоа не треба да биде причина за дополнителни одложувања. Колку побрзо се почне со реформи толку подобро. И тоа не само во правосудството туку и во економијата, здравството, образованието… Секаде реформите ќе бидат болни, но самите сме виновни што се најдовме во ваква ситуација бидејќи предолго ги потпикнувавме работите под тепих

Така, додека Соединетите Американски Држави продолжуваат да бараат одговорност од корумпираните актери, се надевам дека судството и структурите за спроведување на законот во оваа земја ќе го сторат истото тоа“, рече амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, само еден ден откако Артан Груби, поранешен вицепремиер од ДУИ, и апелацискиот судија Енвер Беџети се најдоа на „црната листа“ на Стејт департментот.
Одекнаа нејзините зборови како силна шлаканица за многумина што колку до вчера со сите сили стоеја рамо до рамо со двајцата новозапишани во американскиот „црн тефтер“, но она што е уште поважно, како конкретен потег, како „зелено светло“ со кое се охрабруваат македонските власти да почнат офанзивно да дејствуваат.
Имајќи ја предвид целокупната атмосфера што се создаде во јавноста, а пред сѐ последните изјави на водечките луѓе на државата, тогаш треба да очекуваме сериозно ресетирање на целокупниот правосуден систем, на сите нивоа и пред сѐ во рамките на законот. Секое отстапување макар за најмала ситница, подоцна ќе се врати како непремостлива пречка. Затоа е исклучително важно да се внимава на секој нареден чекор, за да не се најдеме во слична ситуација и во иднина.
Се разбира, секое одложување дополнително ќе ја комплицира ситуацијата. Исто така, јасно е дека секоја реформа може да биде болна, но тоа не треба да биде причина за дополнителни одложувања. Колку побрзо се почне со реформи толку подобро. И тоа не само во правосудството туку и во економијата, здравството, образованието… Секаде реформите можат да бидат болни, но самите сме виновни што се најдовме во ваква ситуација, бидејќи предолго ги потпикнувавме работите под тепих.