Турција доби понуда да стане земја партнер на БРИКС, изјави денеска турскиот министер за трговија Омер Болат.
Во интервју за литванската веб-страница Tvnet.lv, Болат изјави и дека тоа е „транзициски процес“.
Тој додаде дека приклучувањето кон БРИКС ќе донесе значителни придобивки за Турција, бидејќи ќе овозможи соработка со сите најважни глобални платформи.
БРИКС (основана од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) е организација за соработка, таа вклучува важни земји кои сочинуваат 25 отсто од светскиот БДП.