Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер денеска го отвори годинешното издание на најголемиот фестивал на пивото во светот – Октоберфест – oбјави „ДПА“.
Тој го отвори првото буре пиво напладне по локално време. Тоа значи дека пенестата течност сега може слободно да се точи во многуте шатори што се поставени.
Годинава се очекуваат до шест милиони посетители на Октоберфест, што ќе трае до 6 октомври.
– Ќе го направиме Октоберфест што е можно побезбеден – вети градоначалникот Дитер Рајтер за 189-тото издание на фестивалот.
Со металните детектори кои ги прегледуваат посетителите на сите влезови на Октоберфест и повеќе камери за надзор, властите во Минхен не штедат напор да спречат каква било потенцијална опасност – пренесе „ДПА“.