Дипломатот од кариера Ристо Никовски ни испрати негово видување за американскиот експерт за надворешна политика и меѓународни односи Пол Вилијамс, врз основа на лични впечатоци стекнати во текот на нивните претходни средби и разговори, а по повод пишувањето на „Нова Македонија“ за ангажманот на Вилијамс, кој се спомнува како еден од авторите на рамковниот договор, од страна на ДУИ за дефинирање законски или уставни измени за спроведување на т.н. мајски договор, чија цел е озаконување на принципот на коалицирање „победник со победник“
Додека работев во Лондон (1993-1997), имав средба со сега веќе кај нас познатиот Пол Вилијамс. Тој ми објасни дека е експерт за надворешна политика и меѓународни односи, дека има докторат на таа тема и дека некое време работел во американскиот Стејт департмент. Последниот податок не се спомнува во нашите медиуми, што изненадува.
Вилијамс информираше дека ги следи состојбите во регионот, дека ги следи и проблемите со кои се соочува Македонија и покажа интерес и подготвеност да се вклучи во нашите тимови ангажирани на тој план, за да ни помогне.
Чинам во неколку наврати водевме подолги разговори, а впечатокот што го остави беше – позитивен. Се гледаше дека има одредени познавања, а, врз основа на изложените размислувања, оцената беше дека може да ни биде од корист.
Во рамките на целокупното и постојано залагање да се ангажираат странски експерти во борбата за нашата праведна и универзална кауза, кое никогаш не даде плод, сметав дека Вилијамс може да биде еден од нив.
Немаше никаква дилема дека станува збор за западен интелектуалец, слободен стрелец, кој бара „тезга“ или работа во кризни ситуации. Тоа, меѓутоа, ништо не менуваше за нас, со оглед на тоа што тој неспорно имаше одредени квалитети што можеа да ни бидат од полза.
Во телеграмите што ги испраќав во Скопје, кои би било интересно сега да се прочитаат, предлагав Вилијамс да дојде во посета и, по детални разговори и дискусии околу нашите стратегии за одбрана на фундаменталните интереси, да се одлучи дали да се ангажира,или не.
Како што најчесто и се случува кај нас, и овој пат немаше никаква реакција. Ако не се лажам, нешто поголем интерес покажаа од Кабинетот на претседателот Глигоров, ама и од тоа не бидна ништо.
Немаше никаква дилема дека станува збор за западен интелектуалец, слободен стрелец, кој бара „тезга“ или работа во кризни ситуации. Тоа, меѓутоа, ништо не менуваше за нас, со оглед на тоа што тој неспорно имаше одредени квалитети што можеа да ни бидат од полза. Подоцна дознав дека го ангажирале Албанците и дека го користеле како експерт во Охрид, во 2001 година, за време на подготовките на рамковниот договор (ОРД), наведува Никовски
Подоцна дознав дека го ангажирале Албанците и дека го користеле како експерт во Охрид, во 2001 година, за време на подготовките на рамковниот договор (ОРД).
Чиста бесмислица и глупост е, меѓутоа, дека Вилијамс е творец на ОРД. Договорот е долго подготвуван во Вашингтон, секако не од поединец туку од тим од врвни експерти од повеќе области, а формално го донесе Фровик, кој долго мешетареше во Македонија.
Ако, пак, во биографијата на Вилијамс стои дека учествувал и во Дејтонскиот договор (1995), тоа е најверојатно – измислица. Многу време помина и не може со целосна одговорност да се тврди, ама според расположивите индикатори, речиси е сигурно дека Дејтон беше пред моите средби со Вилијамс. И, ако тој учествувал во Дејтон, тоа секако ќе му беше силен аргумент, со кој ќе се фалеше.
Всушност, и во многу деталната книга за Дејтон, на Холбрук, и во многубројните други текстови за тој настан, никаде не се спомна дека во која било од трите делегации – српска, хрватска или бошњачка – имало странски експерти.