Кинескиот претседател Си Џинпинг ја заврши дводневната посета на Белград. Вечерва беше испратен од српскиот претседател Александар Вучиќ на аеродромот „Никола Тесла“, јавија српските медиуми.
На испраќањето на кинескиот претседател и неговата сопруга, присуствуваа и сопругата на српскиот претседател, претседателката на српскиот Парламент Ана Брнабиќ, премиерот Милош Вучевиќ и министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ.
Си Џинпинг вчера со сопругата дојде во Белград, а денеска пред Палатата Србија му беше приреден свечен пречек со највисоки државни почести.