Шаховските партии се следеа со голем интерес

ШАХОВСКИ ТУРНИР „ЕСНАФ“ ЗА ВЕТЕРАНИ

ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Александар Кралевски (2.065 рејтинг-поени) триумфира на првиот ветерански турнир во забрзан шах „Еснаф“, кој во чест на роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев се одигра во Скопје, во организација на ШКВ Скопје 72. Во силна конкуренција на 21 учесник (не помлади од 60 години), по седум кола, Кралевски, кој беше и рангиран прв пред турнирот, освои шест поени. Второто место му припадна на Илија Тодоровски (рејтинг 1.912), а трет е Илија Стошевски (1.998).
– Извонреден турнир на шаховските ветерани, со што достојно го одбележавме роденденот на македонскиот великан Гоце Делчев. Учесниците прикажаа бурни и неизвесни партии како во нивните млади денови. Од здравствени причини недостигаше еден од фаворитите, ФМ Љубомир Илиќ. Турнирот го посетија и претставниците на ШК Алкалоид, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ИМ Никола Димовски, кои со интерес ги следеа возбудливите дуели – ни изјави претседателот на ШКВ Скопје 72, Стошевски.

Табела: Кралевски (2.065) 6; Тодоровски (1.912) 5,5; Стошевски (1.998) 5; Ванчо Спасов (1.619), Љубомир Хаџи-Манев (1.903), Љупчо Ѓоршев (1.908), Владимир Геровски по 4,5; Миле Трајковски (1.963), Илија Кромов, (1.869), Влатко Бужаровски (1.759) по 4; Мите Зафиров (1.832), Васо Талески (1.642), Аднан Ајрула (1.753), Мирослав Ивановски (1.707), Атанас Ташевски (1.933), Душко Сурловски (1.783), Борис Јаневски (1.700), Томислав Голубовиќ (1.777), Лазо Спасовски (1.788) по 3; Трајче Христов (1.762) 2,5; Коце Николов 1. Г.И.