фото: МВР

Во Министерството за внатрешни работи денеска досегашниот министер Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор Панче Тошковски.

Како што соопшти МВР, на чинот на примопредавањето министерот Тошковски му се заблагодарил на Спасовски за неговиот досегашен анганжман во министерството.