Домување
Како што паѓаат температурите, многу луѓе бараат начин како да заштедат на греење и во исто време да го загреат домот што е можно повеќе, а во тоа можат да им помогнат некои од следните совети. Тоа не се големи проекти како додавање изолација на таванот или замена на прозорци, туку едноставни и евтини трикови, кои на крајот би можеле да ви помогнат да го одржувате домот што е можно потопол во текот на зимата.
Поместете го мебелот подалеку од отворите и радијаторите: Многупати каучот, столот или креветот што се преместуваат во текот на летото остануваат таму во зима, блокирајќи го протокот на топлина во просторијата. Тоа ќе ве чини дополнително, а во исто време ќе ги направи собите поладни. Кај системите со механичка вентилација, блокираниот вентил за довод или враќање може да предизвика нерамнотежа на притисокот низ куќата, што го нарушува протокот на топлина низ системот.
Запрете го провевот: За да го направите тоа, намалете ги просторите низ кои може да влезе студен воздух во вашата куќа, затворете ги вратите, а доколку сакате дополнително да го блокирате протокот на воздух, можете да ги затворите и просторите под вратите.
Затворете го тој простор со долга тенка платнена вреќа што ќе ја наполните со нешто како ориз за да биде доволно тешко за да остане на своето место. Можете да го сошиете користејќи отпадни ткаенини. Топлината исто така можете да ја задржите каде што е потребно така што ќе бидете сигурни дека некои внатрешни врати, како што се оние што водат до ходниците или во близината на скалите, се затворени.
Отворени завеси и ролетни во текот на денот: Дали имате завеси или ролетни што ја блокираат сончевата светлина? Отворете ги во текот на денот за да добиете бесплатна сончева топлина, а потоа затворете ги непосредно пред зајдисонце. Исто така, се препорачува да се користат изолациски завеси што се специјално дизајнирани да ја задржат топлината внатре со создавање бариера помеѓу прозорецот и просторијата.