Фото: Фејсбук

Полицијата трага по 14-годишно девојче кое исчезнало утрово на пат кон скопското ословно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, во близина на Дебар Маало.

За случајот, информираше мајката на девојчето на социјалните мрежи, која побара помош.

– Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и ѝ се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло син џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики „Најк“, со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало, на пат кон „Песталоци“. Ако имате каква било информација јавете се на 075 400 816 – напиша мајката.