Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави дека стабилните односи меѓу Кина и Австралија се во заеднички интерес и дека двете земји треба да ја зајакнат соработката.
– Кина и Австралија треба да го промовираат развојот на стратегиското партнерство преку зајакнување на меѓусебното разбирање и доверба – му рече Шји Џјинпинг на австралискиот премиер Ентони Албанезе , првиот австралиски лидер што го посети Пекинг од 2016 година, во Големата сала на народот во срцето на главниот град.
Силните односи „ќе имаат корист во иднина“, му рече Албанезе на кинескиот претседател. Тоа беше нивна втора средба лице в лице во една година и траеше повеќе од еден час. Кина и Австралија имаат изградено односи засновани на трговија со децении. Пекинг стана најголемиот трговски партнер на Австралија.
– Состанокот беше „многу позитивен“ – рече Албанезе, додавајќи дека го поканил Шји Џјинпинг да ја посети Австралија.


Матрица за одржлив развој на руралните средини

Проектот „Илјада села“ беше крунисан со наградата „Чувар на Земјата“, највисокото признание на Обединетите нации во областа на заштитата на животната средина

Провинцијата Жеџијанг се наоѓа на југоисточниот брег на Кина, на јужното крило на делтата на реката Јангце, и се граничи со Шангај на север. Во текот на изминатите дваесет години, оваа покраина направи значителни напори за спроведување на проектот „Модел на илјада села“, што доведе до тектонски промени на подобро во руралните области.
Проектот претставува исклучително важна стратегиска одлука, која лично ја планираше, презентираше и промовираше генералниот секретар Шји Џјинпинг за време на неговата работа во Жеџијанг. Врз основа на опсежни и продлабочени истражувања и студии, во јуни 2003 година тогашниот секретар на Комитетот на партијата на провинцијата Жеџијанг, Шји Џјинпинг, донесе одлука за спроведување на проектот „Илјада села“, предлагајќи да се изберат околу 10.000 административни села од речиси 40.000 села во покраината што ќе поминат низ сеопфатно реновирање. Исто така, од нив да се изберат околу 1.000 централни села што ќе се трансформираат во модели на сеопфатно добростоечко општество.
Проектот „Модел на илјада села“ започна синџир на индустриски просперитет и еколошки одржливо рурално обновување и развој. Тој проект беше крунисан со наградата „Чувар на Земјата“, највисокото признание на Обединетите нации во областа на заштитата на животната средина.