Eксклузивно Професорот по меѓународно право Игор Јанев предлага нацрт-резолуција за ОН заради враќање на уставното име – Република Македонија
Многу полемики во последно време се отворија меѓу експертите, политичките аналитичари, професорите, невладиниот сектор и воопшто кај целокупната јавност околу можноста земјава да го врати своето уставно име. Полемиките следуваа откако стана јасно дека промената на името не беше само обична техничка работа, туку истовремено генерираше и опасен процес на вештачко креирање целосно нов идентитет на македонскиот народ, што претставува преседан над преседаните во светски рамки. Во тој контекст може да се разберат и нападите од страна на официјална Софија, која го оспорува правото на македонскиот народ на сопствен идентитет, јазик, историја и култура. Заедно со негирањето на името од грчка страна, станува збор за етноцид на еден народ во 21 век.
Токму затоа, професорот по меѓународно право од Институтот за политички студии во Белград, Игор Јанев, предлага поднесување (нацрт) резолуција во ООН, со која Македонија ќе го оствари своето право да биде ословувана во ООН и надвор од ООН како Република Македонија. Според него, со тоа проблемот ќе биде надминат. Во продолжение, на македонски и на англиски, интегрално ја пренесуваме нацрт-резолуцијата на професорот Јанев
НАЦРТ-РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ
Генерално собрание,
Земајќи предвид дека Република Северна Македонија ја раскина Преспанската спогодба, а како „Поранешна Југословенска Република Македонија“ беше примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, но не беше во состојба да го прифати новото државно име „Република Северна Македонија“, кое не помина на референдумот и беше отфрлено од мнозинството граѓани,
Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, 4, 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,
Потврдувајќи исто така, дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност, со цел да се реши членскиот статус на една членка на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредокот на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,
донесе одлука да го продолжи членството на Република Северна Македонија, порано привремено реферирана како „Поранешна Југословенска Република Македонија“, под името со кое аплицирала во ООН 1993 година, „Република Македонија“.
DRAFT UNITED NATIONS RESOLUTION
The General Assembly,
Considering that the Republic of North Macedonia terminated the Prespa Agreement, and as the „Former Yugoslav Republic of Macedonia“ was admitted to the membership of the United Nations in 1993, with Resolution 47/225, following the recommendation of Resolution 817 (1993) of the Security Council, but was unable to accept the new state name „Republic of North Macedonia“, which did not pass the referendum and was rejected by the majority of citizens,
Having regard to Articles 2 (especially paras. 1, 4, 7) and 4 (1) of the Charter of the United Nations, having regard to General Assembly resolutions 113 / II of 1947 and 197 / III of 1948, and in particular the Advisory opinion of the International Court of Justice delivered on May 28, 1948, concerning the inadmissibility of prerequisites for membership beyond the scope of the exhaustive conditions of Article 4 (1) of the Charter of the United Nations, affirming that every State has a natural inherent right to name and that the determination of the names of the state is subject to their sovereign domestic jurisdiction,
Affirming also, that the names of the state as the legal identity of the international entities are an essential element of their legal personality and their statehood, in order to resolve the membership status of a member of the United Nations, the issue originating from the unusual resolutions of admission to the UN with which establish preconditions beyond the scope of the comprehensive conditions of Article 4 (1) of the Charter of the United Nations, and also in order to protect the order of the United Nations, and in particular the legal representation in the United Nations system,
decided to continued the membership of the Republic of North Macedonia, previously temporarily referred to as „Former Yugoslav Republic of Macedonia“, under the name with which it applied to the UN in 1993, „Republic of Macedonia“.