Илустрација / Фото: Пекселс

Автор: Д-р Висар Муча, педијатар

Што е дехидрација?
Дехидрацијата е значителна загуба на течности од телото. Со неа се губат и електролити, односно соли кои кога се раствораат се претвораат во позитивни и негативни јони.
Електролитите, меѓу другото, обезбедуваат правилна дистрибуција на вода во телото, како и правилно спроведување на биохемиските процеси. Примарните електролити се натриум, калиум, магнезиум, хлор, калциум, бикарбонати и фосфати.
Процесите што влијаат на губење и замена на течности се добро избалансирани во телото на здраво дете, но има ситуации кога сепак може да се појави дехидрација.

Причини на дехидрација

Дехидрацијата најчесто се јавува како последица од повраќање, дијареа, покачена температура, намален внес на течности или комбинација од овие фактори.
Сите овие фактори може да се последица од вирусни, бактериски и паразитни инфекции, а поради овие фактори детето може да изгуби повеќе течности отколку што внесува за време на болеста.
Ситуацијата дополнително се влошува со губење на апетит и намалена желба за пиење течности.
Други поретки состојби кои можат до водат до дехидрација се и зголемено потење што може да биде предизвикано од екстремни временски и температурни услови и висока влажност, несоодветни услови во просторијата каде се наоѓа детето, зголемено мокрење кај непрепознаен или слабо третиран дијабетес, цистична фиброза или целијачна болест – состојби што го отежнуваат апсорбирањето на храната.

Симптоми

Општи симптоми кај дехидрациите може да се: намалено мокрење, зголемена жед, отсуство на солзи, сува кожа, уста и јазик, побрзо чукање на срцето, потонати очи, сивкаста кожа, вовлечена голема фонтанела на главата на доенчето.
Потешките симптоми кај дехидрациите се: слабост, поспаност или анксиозност, вртоглавица и конфузија (делириум), губење на свеста, намалување на еластичноста на кожата, мускулни спазми, оток на екстремитетите, силно потонати очното јаболко и намалување на нивниот тургор, студенило на екстремитетите (раце и нозе), мрморење на кожата, одбивање да се пие, прекумерна поспаност , кај доенчиња – падот на фонтанелот; губење од околу 10% и повеќе тежина.

Степен на дехидратации

Зависно од симптомите дехидрацијата може да е: блага дехидрација, умерена, тешка.
Блага дехидрација: Губењето на тежината е помалку од 5%, или до 50 милилитри на килограм, до 4 столици дневно, повраќање не е изразено, жедта може да е а и да не е изразена, мокрењето е нормално, добра општа состојба, плаче со солзи, очите не се суви, јазикот и усната шуплина се влажни, еупноично дишење, одржуван тургор и еластицитет на кожата, пулс опиплив и нормална фреквенција, фонтанела на ниво на околните коски.
Умерена дехидрација: Губење на тежината до 10% или 50-100 милилитри на килограм, со 4-10 столици дневно, повраќање е изразено, нормално пиење, нарушување на мокрењето, детето е поспано, плаче без солзи, халонирани очи, сув јазик и усна шуплина, тахипнеа, ослабен тургор на кожата, забрзан пулс, конкавна фонтанела.
Тешка дехидрација: Губење на тежината поголема од 10% или повеќе од 100 милилитри на килограм, повеќе од 10 столици дневно, често повраќање, слабо пиење, нема мокрење во последните 6-8 часа, дете е со нарушена свест, чести грчеви-конвулзии, плачење без солзи, очи суви и воспалени, јазик и уста сува, тахипнеа, тургорот на кожата многу слаб, пулс брз и слабо опиплив.

Типови на дехидрации

Според конценстрацијата на натриумот во серум разликуваме три типа на дехидратации: Изонатремичен (изоосмоларен, изотоничен), Хипернатремична (хиперосмоларна, хипертоничност), Хипонатремичен (хипоосмоларен,хипотонично)
Изонатремичен (изоосмоларен, изотоничен) – Na во плазмата 130-150 mmol/l – претставува пропорционална загуба на вода и натриум. Екстрацелуларната течност е намалена, се манифестира хиповолемија, имаме намалена гломеруларна филтрација, нивото на уреа се зголемува. Еластичноста на кожата е намалена, и свеста изменета во однос на летаргија и ступор
Хипернатремична (хиперосмоларна, хипертоничност) – Na над 150 mmol/l – се јавува кога загубата на вода е поголема од загуба на натриум и дистрибуција на вода во организмот е нарушен. Високата плазма осмоларност извлекува вода од клетките, предизвикувајќи интрацелуларна дехидрација и намалување на волуменот на клетките. Тургот на кожата е застоен – тестен, детето е раздразливо, ступорично. Причини за хипертонична дехидрација лежат во висок внес на сол во храна, прекумерно потење и хиперпнеа за време на високо фебрилна дијареа придружена со метаболна ацидоза. Хипертонична дехидрација се гледа при интоксикација со салицилат, при рехидратација со хиперосмоларни раствори на NaCl.
Хипонатремичен (хипоосмоларен,хипотонично) – Na под 130 mmol/l – се јавува кога загубата на натриум е поголема од загубата вода. Волуменот на плазмата е значително намален, шок се јавува дури и по краткотрајна дијареа. Сензорното движење е значително, понекогаш и во кома. Покрај акутната хипотонична дијареа дехидрираноста се забележува и кај адренална инсуфициенција, при повторно хидрирање само со водни раствори на гликоза или орално со слатки водни раствори (чај, овошни сокови и др).

Дехидрација – дијагноза и лекување

Освен анамнестички податок за болеста кога започнала и времетраењето на изразените симптомите, за одредување на типот на дехидрација, важно е и детален физикален преглед за одредување на степенот на дехидрација а и лабораториски иследувања како: СЕ, крвна слика, ЦРП, јонограм, АБС и др.
Терапијата зависи од горенаведените наоди и зависно од нив се состои од:
– орална рехидрација (кај благите и некои умерени дехидрации)
– парентерална рехидрација (интравенозно кај децата со тешка дехидрација).

Оралната рехидратација:
Се прави со орален раствор за рехидратација (ОРС) која што е мешавина од вода, соли и шеќер во одредени количини. Транспортот на натриум и гликоза во тенките црева се така поврзани што гликозата ја олеснува ресорпцијата на натриум, а секундарно и на водата, така при давање на гликозо – електролитен раствор (ОРС) доаѓа до зголемена интестинална ресорпција на вода и сол. Овој механизам претставува основа на оралната рехидратациона терапија. Овие раствори може да се ресорбираат дури и кога детето има повеќе столици или повраќање.
Количината на ОРС која детето треба да ја прими за рехидратација и времетраењето на рехидратацијата, зависи од степенот на дехидрацијата
1. Фаза на рехидрација

Степен на дехидратација       волумен(ml/kgTT)       време
Лесен                                     50                               2-4 часа
Умерен                                  100                              4-6 часа
Тежок                                   150                              9-12 часа

2. Фаза на одржување на хидрацијата ( 100 ml/kgTT)

Како да одбереме кој електролитен раствор ќе му го дадеме на детето?
Примарно што ни одредува кој електролит ќе му го дадеме е начинот на кој се раствора, и во која количина вода се раствора, секако, и вкусот, но и нешто на што исто така секогаш треба да се внимава е составот – во електролитните раствори за деца треба да има помало количество на натриум за да се спречи настанување на хипернатремиска дехидрација.