На улиците „Цане Василев” и „Кочани”
Општина Битола по подигнувањето на монтажните гаражи почна со работни активности за реализација на проектот „Изградба на паркинг простор и канализација за
одводнување“ со пристап од улиците „Цане Василев” и „Кочани”.
По комплетното расчистување на овој простор и отстранувањето на диво поставените времени објекти, со реализацијата на проектот ќе се овозможи уредување на долгогодишно запуштениот простор и ќе се изгради нов паркинг простор за 34 автомобили.
Вкупната инвестиција на општина Битола, за овој проект изнесува 4.022.360 денари. М.М.