Фото: Општина Новаци

Во општината Новаци денеска пристигна помошта за доброволните пожарникари од збратимената хрватска општина Хрпеље Козина и доброволното противпожарно друштво ПГД „Материја“. Донацијата се состои од 20 комплети противпожарни одела со комплетна опрема.

– Голема благодарност за нашите пријатели од Хрватска кои ни ги донираа овие 20 комплети одела и другата противпожарна опрема, која и добро ќе ни дојде за
наше дополнително опремување на доброволната единица за справување со пожари.
Им благодариме од се срце за оваа нивна донација затоа што огнената стихија има застрашувачка природна сила која мора да се скроти, а за да се совлада еден таков
противник не е доволна само храброста, знаењето и умешноста на пожарникарите туку потребна е и соодветна опрема – изјави градоначалникот на Новаци, Стевче
Стевановски. М.М.