Македонија се соочува со обилни врнежи, кои доведоа до излевање на реките и езерата, познавачите посочуваат дека тоа се последици од климатските промени, кои се директна закана за повеќе човекови активности, како што се земјоделството и сточарството. Меѓутоа македонското општество, а наедно и институциите како да забораваат дека македонските езера за првпат по многу години речиси целосно се
наполнија. Поинаку кажано, во секоја несреќа има и среќа или, како што
вели јапонската писателка Мијуки Мијабе: „Сѐ додека има среќа, ќе има и тага. Сѐ додека има среќа, ќе има и несреќа“, во смисла дека она „што е реално е нешто што ниту силата на Божицата не може да го промени. Единствениот што може да го промени сум јас. Ако не ја сменам мојата судбина, ако не ги пресечам пречките на мојот пат, тогаш без разлика каде одам, секогаш ќе стојам на истото место, ќе го правам истото одново и одново, до крајот на мојот живот“
Централни теми во творештвото на Вистан Хју Оден, за многумина еден од најголемите поети на 20 век, се љубовта, политиката, религијата и моралот, како и односот помеѓу човекот и природата. Неговото творештво останува запаметено по стилистичките и технички достигнувања, обработката на моралните и политички прашања, како и по разноликоста на тонот, формата и содржината. Оден на саркастичен начин ги повикува своите читатели да го преиспитаат сопствениот етички пристап кон природата и живиот свет, како и да обрнат внимание на човековата ароганција. Не случајно вели дека: „Илјадници живееле без љубов, но ниту еден без вода“.
Доколку на нештата гледаме од овој аспект, тогаш слободно можеме да кажеме дека човекот не може да преживее без експлоатација на природата, односно нејзините природни ресурси, вклучувајќи ја и водата. Во оваа конотација, човекот го користи природното богатство во полза на современото општество, а на овој начин ја трансформира и самата природа. Човекот ја користи природата и за да произведе електрична енергија, а електричната енергија потоа ја користи во сопствена полза и самата заедница. Но со овие активности, човекот дополнително ја променил климата на неговото живеалиште. За поврзаноста на човекот и природата пишувале многумина и не случајно се вели дека природата и човекот комуницираат дијалектички, односно природата отсекогаш го опкружувала човекот, а човекот отсекогаш имал огромно влијание врз природата. Но оваа врска предизвика и одредени противречности и парадокси, како што е парадоксот на заситеност, односно прекумерната експлоатација што доведе до уништување на речиси сите аспекти на природата. Од друга страна, познавачите велат дека прекумерна експлоатација на природата е и загадувањето, кое доведува до уништување на клучните аспекти на природата како што се водата и атмосферата.
Од денешна перспектива, кога Македонија се соочува со обилни врнежи што доведоа до излевање на реките и езерата, познавачите посочуваат дека тоа се последици од климатските промени, кои се директна закана за повеќе човекови активности, како што се земјоделството и сточарството. Меѓутоа македонското општество, а наедно и институциите, како да забораваат дека македонските езера за првпат по многу години речиси целосно се наполнија. Поинаку кажано, во секоја несреќа има и среќа или, како што вели јапонската писателка Мијуки Мијабе: „Сѐ додека има среќа, ќе има и тага. Сѐ додека има среќа, ќе има и несреќа“, во смисла дека она „што е реално е нешто што ниту силата на Божицата не може да го промени. Единствениот што може да го промени сум јас. Ако не ја сменам мојата судбина, ако не ги пресечам пречките на мојот пат, тогаш без разлика каде одам, секогаш ќе стојам на истото место, ќе го правам истото одново и одново, до крајот на мојот живот.“
Да се насочиме кон суштината! Минатата 2022 година се соочивме со историски највисоки цени на енергентите. Цената на природниот гас забележа огромен раст од втората половина на 2021 и во 2022 година. Така, во 2021 година во Европа, просечната цена на гасот порасна за 370 отсто споредено со 2020 година. Во периодот јануари – август 2022 година, просечната цена на природниот гас во Европа достигна 1.389,5 долари за 1.000 кубни метри, што е раст од 143,7 отсто споредено со просекот од 2021 година. Во август минатата година цената на гасот достигна 2.478,2 долари за 1.000 кубни метри. Ова се одрази и врз цената на електричната енергија, кога во периодот јануари – август 2022 година просечната цена на електричната енергија изнесуваше 272,7 евра за кВтч, што беше за 139,4 отсто повисоко во однос на просечната цена од 2021 година, а во текот на септември 2023 година просечната цена на електричната енергија изнесуваше околу 390 евра за кВтч.
Некои од познавачите посочија дека ова се должи на глобалните движења, бидејќи Македонија е мала држава дојде до прелевање на увозните цени врз домашните цени, односно растот на електричната енергија во растот на инфлацијата во овој период. Некои од универзитетските професори и експерти предупредуваа дека увозот на струја ќе расте, а тоа на крајот ќе го платат граѓаните и фирмите преку повисоките сметки за струја. Експертите исто така посочуваат дека со сегашната енергетска политика им се задоволуваат потребите на домаќинствата и на помалите потрошувачи од стопанството, но долгорочно гледано, потребни се сопствени капацитети за производство на струја. Мора мудро и разумно да ги користиме хидропотенцијалот и електричната енергија, пред сѐ во интерес на граѓаните и македонската економија, во спротивно ќе се соочиме со енергетска криза и висока цена на електричната струја како и во 2022 година. Во оваа смисла, институциите и државата треба да постапат како во македонската поговорка во која се вели „два пати мери, еднаш сечи!“, затоа што од државата зависат економскиот стандард на граѓаните и условите за работа на фирмите и компаниите.