Заклучно со вчерашниот ден преку телефонските линии и од Фондот на солидарност на Црвен крст на Македонија уплатени се вкупно 31.387.966 денари, информираат од Црвемиот крст.
Оттаму појаснуваат дека сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на Македонија: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
За донации на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
– Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина:зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, зимски церади, вреќи за спиење, столици на расклопување, креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, храна и средства за хигиена ( според минималните стандардите за хуманитарна помош) – се вели во денешното соопштение од македонскиот Црвен крст.
Од оваа организација напоменуваат дека задолжително сите донирани артикли треба да бидат нови, а приоритет да се става на зимски семејни шатори, церади, вреќи за спиење, ќебиња.