Фото: Клаус-Питер Симон

Познатиот османлиски патописец Евлија Челебија споменува 36 кули во својот патопис. Пред земјотресот беа зачувани само 12 од нив, а се верува дека другите 24 кули се наоѓале на надворешните ѕидови на замокот. Околу замокот имало ров, а преминот до замокот го обезбедувал мост. Пред да се помине мостот на замокот и да се стигне до главната порта на замокот имало бастион (кула), кој народот го нарекува Канцеларија на Имами Газали

Замокот „Газијантеп“ беше еден од најдобрите примери на зачувани историски замоци (тврдини) во Република Турција. Се наоѓа во центарот на градот, на ридот што им го привлекува вниманието речиси на сите со својата величественост, на надморска височина од приближно 25 метри. Во историската наука не постои согласност кога точно е изградено првото утврдување на оваа локација, но се верува дека најстарите археолошки наоди потекнуваат од времето на Хетитската Империја, држава што во 14 век пред нашата ера го достигнува врвот.
Археолошките истражувања покажаа дека во римскиот период, односно во периодот помеѓу вториот и четвртиот век од нашата ера, постоела стражарска кула што со текот на времето се проширила. Конечната форма, која беше уништена од земјотресот, настанала во шестиот век од нашата ера, во времето на византискиот император Јустинијан Први, кој бил познат градител на замоци и утврдувања. Во овој период, јужниот дел бил засилен со подградни (темелни) конструкции составени од заоблени и засводени галерии, биле изградени кули што биле поврзани со овие галерии. Градските ѕидишта биле продолжени на запад, југ и исток, односно до границата на ридот. Во оваа состојба, замокот има неправилна кружна форма со дијаметар од околу 100 метри и обем од 1.200 метри.
Во 661 година, замокот бил освоен од Арапскиот Калифат. Останал во муслимански раце до 962 година, кога Газијантеп бил повторно заземен од Византијците. Во 1067 година бил освоен од Селџуците, но во 1098 година бил освоен од крстоносците и станал составен од дел кнежеството Едеса. Во 1150 година, Селџуците повторно го освоиле, а потоа настапил период на постојани освојувања и реосвојувања, при што наизменично бил под опсада на Селџуците, ерменското кралство и династијата Зенгиди. Во 1516 година замокот бил освоен од Отоманската Империја и оттогаш, па натаму замокот го изгубил своето воено значење.


Познатиот османлиски патописец Евлија Челебија споменува 36 кули во својот патопис. Пред земјотресот беа зачувани само 12 од нив, а се верува дека другите 24 кули се наоѓале на надворешните ѕидови на замокот. Околу замокот имало ров, а преминот до замокот го обезбедувал мост. Пред да се помине мостот на замокот и да се стигне до главната порта на замокот имало бастион (кула), кој народот го нарекува Канцеларија на Имами Газали. Замокот бил обновен во 1481 година, од страна на египетскиот султан Кајтбај. Од натписот на главната порта може да се прочита дека двете страни на главната порта и мостот на замокот биле обновени во 1557 година од страна на султанот Сулејман Величествениот за време на Отоманската Империја.
Пред земјотресот, по преминувањето на главната капија на замокот, имаше два премина што водеа до внатрешните делови, односно до галеријата, ходникот и просториите на замокот. Под темелите на замокот имаше извор на вода. Пред земјотресот, замокот беше користен како музеј и симбол на турското херојство во текот на војната за турската независност.
На 6 февруари 2023 година, замокот бил сериозно оштетен од два последователни земјотреси. Некои од источните и јужните бастиони се урнати, а железните огради и ѕидовите околу замокот се сериозно оштетени. Замокот преживеа во текот на 1.800 години, но исчезна за само неколку секунди. Некои од кулите во источните, јужните и југоисточните делови на историскиот замок се уништени, а остатоците се расфрлани по патот. Се урна и потпорниот ѕид покрај замокот. Некои кули имаат големи пукнатини по земјотресот. Д.Ст.