Д-р Макфирет Селмани / Фото: Приватна архива

Контактниот дрматитис е воспаление на кожата. Се јавува кај сите луѓе и во сите возрасти. Често има карактеристичен модел на егзем, кој е предизвикан повеќе од надворешни отколку од внатрешни дразби

Автор: Д-р Макфирет Селмани, дерматолог

Kонтактниот дерматитис е реакција на имунолошкиот систем на алергени (надворешни супстанци) кои доаѓаат во контакт со кожата.
Алергискиот контактен дерматитис претставува глобален проблем, и покажува нагорен трендврз основа на компромисот помеѓу квантноста на морбидитетот и квалитетот на живототмеѓу засегнати поединци.
Кожата гo престваува најголемиот орган во човечкиот организам. При секоја патолошка промена на кожата што се јавува во одредени нејзини делови, како на пример, лице, деколте, раце или други видливи делови на кожата, имаме чуствона нелагодност – непријатност, при што доаѓаа до значително намалување на квалитетот на живот, предизвикувајќи и големи здравствени и социоекономски трошоци.
Контактниот дрматитис е воспаление на кожата. Се јавува кај сите луѓе и во сите возрасти. Често има карактеристичен модел на егзем, кој е предизвикан повеќе од надворешни отколку од внатрешни дразби.

Постојат две главни форми:
Алергискиот контактен дерматитис
Иритантен контактендерматитис

АЛЕРГИСКИ KОНТАКТЕН ДЕРМАТИТИС е имунолошка реакција која има тенденција да ја зафати околната кожа, може дури да се појави и надвор од афектираните места.
Претставува инфламаторна реакција кон супстанци што доаѓаат во контакт со кожата. Може да се јавуви во акутна или хронична форма кои предизвикуваат оштетување на епидермална бариера.

ИРИТАНТНИОТ КОНТАКТЕН ДЕРМАТИТИС е локализирана болест ограничена на делови од кожата изложени од хемиски и физички иританси. Најчесто афектирани делови од кожата се рацете. Во зависност од текот на болеста може да биде акутен иритантен контакт дерматитисис (акутен токсичен) тешки иританси предизвикуваат токсични иритации дури и по кратко изложување, или хроничен иритантен контактен дерматитисис (кумулативен).
Субтоксичен иритативен контактен дерматитис или дегенеративен контакт дерматитисис, во многу случаи може да доведе до некроза.

Морфологијата на кожната иритација варира многу и зависи од интензитет на изложеноста, времетраењето и концентрацијатана на супстанцијата врз кожата и генетска предиспозиција. Исто така битна е и состојбата на кожата, дали претходно е оштетена, како и факторите на животната средина, висока или ниска температура и влажност на воздухот. Сите овие фактори влијаат на текот и сериозноста на болеста.

Вообичаени извори на алергени

Може да бидат од разновидни алергени, на пример, никел и други метали, производи за лична нега на пример; шампони, средства за чистење, сапуни, детергенти, дезодоранси и кремови, козметика, боја за коса, локални лекови, растенија, најчесто отровен бршлен, даб, гумени материали, ракавици, чевли, ластик, пластика, лепила, индустриски растворувачи и многу други продукти.

Симптомите можат да се јавуваат после неколку минути или да бидат задоцнети се до 24 часа. Како субјективни симптоми (жарењe, чешање, пецкање и болка) и клинички симптоми (црвенило, сува, распукана или лушпеста кожа, плускавци или меурчиња и оток), или до најтешка форма некроза.

Како може да се лекува контактниот дерматитисис

-Главниот начин за справување со контактниот дерматитисис е да се идентификува причината и да се отстрани извор на надразнувачка хемикалија или алергенот кој стапуваво контакт со кожата.

-Изложеноста на надразанувачи или алергени во одредени професии, на пример здраството, алергијата на латекс е многу честа форма на контактен дерматитисис, може да биде причина и да доведе до потреба за промена на работната практика или работното место. Може да бидат потребни неколку месеци за да се реши контактниот дерматитисис.

ТЕРАПИЈА
Треба да се открие/идентификува и да се елиминира етиолошкиот фактор.
Локална кортикостероидна терапија.
Локално применети креми или масти помагаат да се смири осипот на контактен дерматитисис.Да се аплицираат по порепорака на соодветен лекар, зависно од тоа која регија на телото и дали болеста е вохронична или акутна фаза.

Орална терапија за тешки случаи:
-Кортикостероиди
-Антихистаминици
-Антибиотици за распространета суперинфекција.

Мерки за заштита на кожата, на пример се носење ракавици, очила, заштитни мантили, избегнување на контакт со алергенот, и се разбира за подобрување на квалиетот на кожата и негова заштита со редовна употреба наемолиентни креми.

Прогнозата на пациентите со контактен дерматитисис зависи од причинителот и начинот на живот. Изолираните случаи обично се решават ако се прекине изложувањето кон одреден алерген кои е причинител. Оние кои не се дисциплирани и продолжуваат пример; да носат накит со метал или се изложени на растенија поради начин на живот, генерално имаат тенденција да имаат хроничен тек. Рецидивите се многу чести.

Алергискиот контактен дерматитисис може да се излечи доколку целосно се држите подалеку од супстанците на кои сте алергични!

Бидете внимателни со вашата кожа така ќе бидете и позадоволни со животот.