Извештај публикуван на Меѓународниот ден за укинување на ропството ја вчудовиди јавноста
Најновите глобални процени што ги анализираше новинската агенција Анадолу, по повод Меѓународниот ден за укинување на ропството, покажуваат дека во 2021 година 50 милиони луѓе живееле во модерно ропство.
„Од овие луѓе, 28 милиона биле на принудна работа, а 22 милиона биле заробени во принуден брак“, се вели во заедничкиот извештај објавен во септември, „Глобални процени на модерното ропство“, од страна на Меѓународната организација на трудот, Меѓународната организација за миграција и непрофитната организација „Уок фри“.
Во извештајот се наведува дека во последните пет години е забележан значителен пораст на бројот на луѓе заробени во модерно ропство. Притоа се тврди дека во 2021 година имало 10 милиони повеќе луѓе во модерно ропство отколку во 2016 година. Модерното ропство се состои од две главни компоненти: принудна работа и принуден брак. И двете се однесуваат на ситуации на експлоатација што едно лице не може да ги одбие или да ги напушти поради закани, насилство, измама, злоупотреба на моќ или други форми на принуда.
„Жените и девојчињата сочинуваат 11,8 милиони од вкупниот број на принудна работа. Повеќе од 3,3 милиони од сите оние на принудна работа се деца“, се вели во извештајот. Повеќе од две третини од присилените на брак се жени, што е еднакво на околу 14,9 милиони жени и девојчиња, се додава во извештајот.
На 2 декември 1949 година, ОН усвоија нацрт-закон за да се искоренат модерните форми на ропство, како што се трговијата со луѓе, сексуалната експлоатација, детскиот труд и принудните бракови, кој оттогаш се слави секоја година како Меѓународен ден за укинување на ропството.