Србија е подготвена за компромис, но за тоа се потребни две страни, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел.
Говорејќи пред новинарите, рече дека порано верувал дека е полесно сами да разговараат Србите и Албанците.
– Но, за трајно решение потребна е и согласност на Германија, Франција, на ЕУ, САД, Турција и Русија, а за сето тоа треба да биде информирана и Кина – потенцираше Вучиќ.
Тој уште додаде дека со Меркел разговарал за Заедницата на српски општини, за инцидентот со Марко Ѓуриќ и за потребата од постигнување компромисно решение за Косово.