Една важна промена што ја предводи ФАО е трансформацијата на системите за храна и олеснување на пристапот до храна и интеграцијата на пазарите. Оваа иницијатива работи на трансформирање на системите за храна со цел да бидат поефикасни, поинклузивни, поотпорни и поодржливи, за подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот за сите
Иако постигнавме напредок кон градење подобар свет, напредокот неодамна забави. Светот се соочи со многу глобални кризи во изминатите две години, кои оставија премногу луѓе запоставени. Пандемијата на ковид-19, екстремните временски настани што го нарушуваат производството на храна, конфликтите, зголемувањето на цените на храната и енергијата го погодија и нашиот регион. Гладот и неисхранетоста се зголемуваат, а сѐ повеќе луѓе запаѓаат во сиромаштија. Време е, сега повеќе од кога било, да работиме заедно за да изградиме нова ера на надеж, за сите, насекаде.
Секоја година на 16 октомври, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) го предводи одбележувањето на Светскиот ден на храната. На овој ден особено ставаме акцент на идеите за тоа што можеме да направиме, колективно, за да ставиме крај на гладот. За нас е ден да работиме за 3,1 милијарди луѓе низ светот, кои не можат да си дозволат здрава исхрана и 828 милиони луѓе што легнуваат гладни секој ден. Тоа е ден кога треба да се одлучи што може да се направи за да им се стави крај на гладот и неисхранетоста, кои доведуваат до губење животи и ја ставаат во опасност здравата иднина за нашите деца – на глобално ниво, како и во Европа и во Централна Азија.
Мора да преземеме активности за да обезбедиме секој да има пристап до безбедна, достапна и хранлива храна во секое време. Но мора да дејствуваме сите заедно. Трајната промена може да дојде само со усогласена, одлучна колективна акција.
Една важна промена што ФАО ја предводи е трансформацијата на системите за храна и олеснување на пристапот до храна и интеграцијата на пазарите. Оваа иницијатива работи на трансформирање на системите за храна со цел да бидат поефикасни, поинклузивни, поотпорни и поодржливи, за подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот за сите. Нашите земјоделско-прехранбени системи содржат голем потенцијал за порамноправна и просперитетна иднина, бидејќи се тесно поврзани со многу области од нашиот живот и економија – од земјоделство до природни ресурси, до енергија, до здравје, меѓу другото.
Во Европа и во Централна Азија, одржливиот развој на земјоделско-прехранбените системи е под влијание на општествено-политичките транзиции, кои се во тек. Во регионот, ФАО го поддржува развојот на националните и регионалните трговски политики за создавање поодржливи земјоделско-прехранбени системи.
Но за да се постигне оваа цел, мора да дејствуваме како глобално општество. Мора да им се даде поголем приоритет на зголемувањето на локалното производство на хранлива храна, зачувувањето на природните ресурси, валоризацијата на локалните традиции и културно значајното земјиште, како и на агроекосистемите што се одржувани од земјоделците со локално, традиционално знаење.
Колективно, треба да ги зајакнеме најранливите, вклучувајќи ги и малите производители, со инвестирање во земјоделско-прехранбените системи.
Ова значи наоѓање начини да се понуди подобрен пристап до обука, стимулации, наука, податоци, технологија и иновации, ставајќи ги малите сопственици во центарот на оваа трансформација. Иновациите и дигитализацијата на земјоделството може да го забрзаат патот до подобра егзистенција за малите земјоделци, давајќи им пристап до важни информации, како што се временските услови, почвените услови, наводнувањето, информации за цените и пазарите, понатаму закрепнување со помош на земјоделско осигурување, контрола на штетници итн.
Во Европа и во Централна Азија во рамките на регионалната иницијатива за зајакнување на малите земјоделци, семејните фарми и младите, ФАО ја поддржува дигитализацијата на руралните заедници. Целта е да им се помогне на малите земјоделци да ги диверзифицираат приходите, да си овозможат вработување во и надвор од земјоделското стопанство, како и деловни можности за денес и за во иднина.
Пристојното вработување е основно за човековото достоинство. Потребни ни се пристојно рурално вработување и услуги, кои ќе придонесат кон родова еднаквост и подобар живот во руралните средини. Во исто време, владите треба да обезбедат навремени и насочени програми за социјална заштита за најранливите.
Владимир Олегович Рахманин, помошник-генерален директор на ФАО
и регионален претставник за Европа и за Централна Азија