„Македоника литера“ неодамна го објави романот „Павел, душо моја“ од современиот руски писател Алексеј Варламов, во превод од руски јазик на Ленче Тосева.
Павел Непомилуев е седумнаесетгодишно, наивно, искрено, мечтателно момче, израснато во советски дух, кој искрено верува во идеите на социјализмот. Израснат во затворен стратегиски град некаде во Сибир, Павел доаѓа во Москва за да се запише на Филолошкиот факултет, иако е целосно нефилолошки по карактер и по менталитет. Знаењето за упис не е доволно, но со интервенција на некои сили тој успева да се запише на саканиот факултет. Но наместо на предавања, тој завршува во државна колективна фарма за собирање компири…
„Павел, душо моја“, што всушност е репликана на стихови на Пушкин, е искрена романса, роман за растењето, за првото вљубување, за првото сексуално искуство, за првата голема средба со реалниот живот, за храброста да се преиспитаат сопствените верувања и да се бранат пред другите. Тој е збунет поглед на советската реалност низ очите на некој кој верувал во идиличниот и среќен живот од плакатите. Но не е носталгија за СССР, туку повеќе приказна за руското минато и предупредување за иднината. Тој е интрига, но мошне интересна.
Алексеј Варламов (1963) е руски прозаист, филолог, автор на неколку биографии на писатели и на романи, и универзитетски професор.
Роден е во 1963 година во Москва. Дипломирал на Филолошкиот факултет на московскиот државен универзитет „Ломоносов“. Професор е на Московскиот државен универзитет, предава руска книжевност од почетокот на 20 век и во исто време води креативен семинар во Институтот за литература „А.М. Горки“. Член е на Сојузот на руските писатели (од 1993 година). Држел предавања за руската литература на универзитети во Европа и во САД. Бил визитинг-професор на Универзитетот во Ајова (САД, 1998).
Негови дела се преведувани на неколку јазици. Овој роман е првото дело на Варламов објавено во Македонија.