Нега и убавина
Апсолутен хит оваа есен ќе биде монохроматското шминкање. Еден поглед на профилите на социјалните мрежи на водечките шминкери е доволен за да стане јасно кои трендови ќе владеат наскоро во светот на убавината.
Но што е монохроматско шминкање? Тоа значи нежен и гламурозен усогласен изглед, кој сепак изгледа опуштено. Во практиката тоа подразбира усни, очи и образи нашминкани со изедначени нијанси.
Трендот подразбира мешање слични тонови, најчесто оние во боја на теракота, чоколадо, темнорозова, боја на праска или темноцрвена на усните, образите и на очните капаци.
Различни текстури добро одат со овој изглед, така што мат усни, крем-руменило и очи со суптилен сјај изгледаат извонредно, сѐ додека се во иста нијанса.
Овој тренд веќе има четири милиони прегледи на Тикток, а некои брендови го сфатија доста сериозно. „Глосиер“ претстави три монохроматски сенки, со три финиша – мат, металик и сатен, а и „Шанел“ има нова колекција со 12 сосема нови нијанси на руменило и лакови за нокти, за секој тон на кожата.
Без оглед дали сакате да носите тонови на праска, розов, бронзен или во боја на кожа, без многу труд ќе постигнете монохроматски изглед, кој е во тренд.