Хрватска е за мир и дијалог на Косово, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
– Што се однесува до Вучиќ и Косово, прашањето за регистарските таблички долго време е на дневен ред. Апелираме за мир и дијалог, тоа е нашата генерална политика и мислам дека треба да истраеме во тоа – рече тој за време на неговата посета на Имотски.
Тој исто така рече дека му се чинело оти „таму всушност било помалку напнато отколку што изгледало“.