Турција

Претседателот на Турската вселенска агенција (ТУА), Сердар Хусеин Јилдирим, вели дека одењето на Месечината е важна цел на турската национална вселенска програма. Имено, во тек е производството на вселенски брод што Турција ќе го испрати на Месечината за две години.
Како агенција, оваа задача му ја дадовме на вселенскиот институт, кој е во фаза на производство на беспилотно возило што ќе нѐ однесе на Месечината за две години. Нивната дизајнерска работа е веќе започната. Тој е пред комплетирање и ќе биде пуштен во производство во текот на оваа година. Неговиот мотор беше направен од 100 отсто домашен хибриден ракетен мотор, кој го произведува „Делта В“. Ова е веќе подготвено, само продолжува работата на негово интегрирање и приспособување во вселената. Тестовите продолжуваат – истакна Јилдирим.
Притоа тој зборуваше и за важноста на вселенската програма за Турција.
Ова е програма што ќе направи технолошки бум. Сега, се разбира, да се стигне до Месечината не е толку лесно како што се вели и се мисли. Моментално работиме на тоа. Имаме уште една идеја на која работиме. Нормално, ниту ова не е лесно, но размислуваме за вакво нешто – нашето возило откако ќе слета на Месечината да го развее турско знаме кога ќе се отвори. Имаме таква замисла, иако тоа е тешка операција. Работиме на тоа, размислуваме, имаме таков сон – вели претседателот на Турската вселенска агенција.