КОШАРКА – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Шпанскиот град Билбао ја доби организацијата на завршниот турнир од Лигата на шампионите на ФФБА, потврдија од Светската кошаркарска организација. За првпат откако се организира ова натпреварување, ќе се игра на неутрален терен, а не кај некој од клубовите учесници на завршниот турнир, како што беше досега.
Променет е и форматот на натпреварувањето. Наместо досегашната завршница со осум екипи, на шестото издание на финалниот турнир во шпанскиот град Билбао, поточно во „Билбао Арена“ (капацитет 10.000 седишта), ќе играат четирите победници на четвртфиналните серии од плејофот во ЛШ. Во текот на април ќе се играат четвртфиналните серии по што ќе бидат познати патниците за Билбао. На 6 мај се предвидени двете полуфинални средби, додека мечот за третото место и финалето ќе се играат два дена подоцна. Одлуката дали овие дуели ќе се играат со или без присуство на публика ќе биде одредено дополнително, во согласност со актуелните здравствени протоколи во Шпанија.