Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна средба со заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на германската амбасада, Ото Граф.
На средбата тие разговараа за економската соработка меѓу двете земји.
Министерот ги потенцираше инфраструктурните проекти од делот на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.
Министерот Бочварски информираше за економските потенцијали на земјата и отвореноста за влез на инвеститори од Германија.
„Денешната средба беше од огромно значење за да ги промовираме можностите за вложување на двете земји, разговаравме и околу инвестицискиот циклус во делот на инфраструктурата. Имаме одлични услови за инвестирање, ги повикувам сите заинтересирани германски компании да вложат во нашата земја и да се вклучат во изградба на инфраструктурните проекти“, изјави Бочварски.
Двајцата соговорници најавија заедничка заложба за продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија.