Турските власти уапсиле 51 војник и други девет лица осомничени за поврзаност со Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот обид за преврат во 2016 година во кој беа убиени 250 лица.
Уапсените се дел од 89 лица за кои се издадени налози за апсење во рамките на истрага што ја спроведуваат истанбулски обвинители која опфаќа девет окрузи во земјата.
Турските власти од 2016 година, повеќе пати спроведуваа слични акции против осомничени поддржувачи на Ѓулен. Тој негира дека имал некаква улога во обидот за преврат.
Во исто време, обвинители во Анкара издадоа налози за апсење на 13 високи офицери со чин мајор, од кои тројца се активни, инфомира весникот „Хуриет“.