Актерот Бранислав Лечиќ кого колешката Данијела Штајнфелд го обвини за силување се огласи на социјалните мрежи по давањето исказ во полициска станица.
Тој ги избегна медиумите при излегувањето од полициската станица, но потоа реши да објави видео во кое тврди дека го минал полиграфското тестирање.
– Само за моите партиски другари и за оние луѓе кои останаа со мене затоа што знаат дека Лечиќ може само да лечи, а никако да труе и да силува. Знаете дека седум и пол часа давав изјава, се помина професионално и го поминав полиграфското тестирање – вели Лечиќ во видеото.