Брачната двојка од Битола, која во Занзибар, Танзанија, се инфицира од британскиот вид коронавирус, добро се чувствува.
Ова го потврди во телефонскиот разговор битолчанецот К.Т.(65), инаку познат битолски стопанственик, сега во пензија, кој се наоѓа на лекување во Струга.
Според К.Т., добро се чувствува и неговата сопруга, која е на лекување во болницата „8 Септември“ во Скопје.
Инаку, брачната двојка од Битола, која беше на одмор во Занзибар, по враќањето се пожали на симптоми на ковид-19.
На почетокот се сметаше дека тие се инфицирале од африканскиот вид коронавирусот, но подоцна тестовите покажаа дека се инфицирале од британскиот вид.
Најпрво симптомите ги пријавил сопругот К.Т. уште кога биле на одмор во Занзибар, Танзанија. По хоспитализрирањето на Инфективното одделние во Клиничката болница во Битола тој беше префрлен на Нефролошкото одделение во Струга, бидејќи вредностите на бубрежните оштетувања му биле високи, додека неговата сопруга беше хоспитализирана во Скопје.

М.М.