Во последните 24 часа на коронавирус во Србија биле тестирани вкупно 13.286 граѓани, од кои 3.469 биле новозаразени, а 16 пациенти починале.
Во моментот има 164 пациенти на апарати за дишење во болниците во Србија.
Вчера биле тестирани 10.368 граѓани, од кои 2.809 биле новозаразени, а 14 пациенти починале.
Бројот на новоинфицирани лица е сè уште на високо ниво, така што сè повеќе се зборува за ново засилување на епидемиолошките мерки.
Инаку, според последните податоци, на Србија досега ѝ се дадени 1.436.682 дози вакцина против коронавирусот, а 511.999 лица ја примиле втората доза од вакцината.
Денес, во Србија пристигна нов контингент од 58.500 дози вакцина против коронавирус од „Фајзер-Бионтек“.