Не е доволно само да се говори дека се стремиме кон Европската Унија,дека сме за европско образование, европско здравство и сѐ така до бесконечност! Потребно е европско однесување. Затоа сме сведоци на идеолошка недоследност, а наши закони, реформи и сѐ така до бесконечност се логички неодржливи и суштински противречни. Една лекција за демократичност и конструктивност! Се посочува проблемот. Сите засегнати страни учествуваат во процесот. Заеднички се разгледува проблемот. Заеднички се предлагаат мерките и средствата за негово решавање. Само на овој начин се создава култура што води кон демократија и не оддалечува од анархичната состојба на Хобс, во која човек на човека му е волк!
Многу одамна англискиот филозоф Томас Хобс ја искажа мислата дека човековата природа е војна во која секој човек е против секој човек. Според овој филозоф постојат три основни мотиви за оваа состојба: натпреварување, сомничавост, слава. Првата причина ги поттикнува луѓето да напаѓаат други луѓе поради добивка, втората поради безбедност, а третата поради стекнување углед! Не случајно Хобс го прифати латинскиот афоризам Homo homini lupus est! (Човек на човека му е волк!). За да ја потврди својата теза, Хобс ги посочува индијанските „диви“ народи од Америка како уверлив доказ дека човековата природа е состојба на војна. Но тој никогаш не ги виде современите скандинавски општества. Доколку ја прифатиме тезата дека природната состојба на човекот е војна против сите, а човекот на човека му е волк, тогаш како Скандинавците изградија мирољубиви, демократски и правични општества.
Далеку од тоа да идеализираме. Да видиме што говорат фактите! Според Индексот за демократија за 2019 година – Норвешка, Исланд, Шведска, Финска и Данска се наоѓаат на врвот на листата како најдемократски држави во светот. Единственото логично објаснување е дека институциите ги создадоа скандинавските општества. Една од теориите вели дека институциите ја обликуваат личноста, односно граѓаните. Но не смееме да заборавиме дека институциите немаат природно, туку културно потекло. Впрочем, културата го обликува човекот од моментот на неговото раѓање.
Каде сме ние во оваа приказна? Со децении слушаме дека се стремиме кон демократијата. Но патот кон демократска и слободарска Европа не е поплочен со ароганција, нетолеранција и авторитарност. Напротив, треба да ја негуваме демократската култура доколку сакаме демократски институции. Михаил Бакуњин не е во право кога говори за коруптивното дејствување на секоја власта: „Земете го најзапалениот можен револуционер и ставете го на серускиот престол, или дајте му диктаторска власт, и тој за една година ќе стане полош и од Александар Николаевич.“
Ова е класичен пример на генерализација, меѓутоа ние не треба да генерализираме. Демократската култура создава демократско општество, а демократското општества создава демократска личност, која не ја злоупотребува власта, само погледнете ги Швајцарија или Финска. Правилната формулација гласи дека авторитарните и недемократските општества создаваат авторитарни и недемократски личности. Затоа нашата политичко-општествена елита треба да се стреми кон општество на мирољубиви и конструктивни граѓани, а не општество во кое ќе доминираат агресивни и воинствени личности. Таа треба да биде пример за сите граѓани и не треба да заборава дека секоја одлука што во целост го засега општеството треба да биде конструктивна, односно да се донесува преку дијалог. А не она нашето: „Ти ќе ми кажеш!“
Правилната формулација гласи дека авторитарните и недемократските општества создаваат авторитарни и недемократски личности. Затоа нашата политичко-општествена елита треба да се стреми кон општество на мирољубиви и конструктивни граѓани, а не општество во кое ќе доминираат агресивни и воинствени личности. Таа треба да биде пример за сите граѓани и не треба да заборава дека секоја одлука што во целост го засега општеството треба да биде конструктивна, односно треба да постои дијалог. А не она нашето: „Ти ќе ми кажеш!“
Да повториме по стоти пат! Никола Милошевиќ вели дека гледиштето според кое „целта го оправдува средството од праксеолошки аспект е целосно неодржливо. Пред да можеме да тврдиме дека целта го оправдува средството, мора да знаеме дали навистина средството за кое станува збор води кон таа и таква цел“. Овој српски филозоф исто така вели дека „единствената исправна формулација би требало да гласи: целта го одредува средството“. Со други зборови, авторитарниот пристап води кон диктатура. Доколку целта е демократијата, тогаш и средствата треба да бидат демократски.
Не е доволно само да се говори дека се стремиме кон Европската Унија, дека сме за европско образование, европско здравство и сѐ така до бесконечност! Потребно е европско однесување. Затоа сме сведоци на идеолошка недоследност, а наши закони, реформи и сѐ така до бесконечност се логички неодржливи и суштински противречни.
Една лекција за демократичност и конструктивност! Се посочува проблемот. Сите засегнати страни учествуваат во процесот. Заеднички се разгледува проблемот. Заеднички се предлагаат мерките и средствата за негово решавање. Само на овој начин се создава култура што води кон демократија и не оддалечува од анархичната состојба на Хобс, во која човек на човека му е волк! Затоа Норвешка е Норвешка, а не африканската Либерија