Се прашува ли некој од креаторите на образовните политики како се чувствуваат учениците? Ги прашува ли некој како им е навистина и како ставот што им го всадуваме ние возрасните дека „мора да се има висока оценка“ влијае на нивното емоционално и ментално здравје? Или, наместо тоа, најважно е да ѝ се испратат сите домашни работи до 19 часот на наставничката по природни науки, за да може да формира оценка, затоа што мора така? Зошто во вакви вонредни услови мора да има оценки? Зошто никој не ги прашува надлежните, зошто и во овие услови е толку важна бројката, формата, кога и така таа не ја отсликува реалната слика? Зошто сите колективно се однесуваме како сѐ да е во ред?
Како да им се олесни целокупниот процес на учење на учениците, а во исто време да се извлече максимумот од она што го усвоиле од материјата како знаење, по сите предмети, во изминативе четириесетина дена, колку што трае новата учебна година? Ова беше предизвикот пред кој беа исправени дваесет илјади наставници и професори во државата, кои мораа да ги оценат учениците по крајот на првото двомесечие. За првпат во историјата на македонското образование, во најголем дел, просветните работници мораа да го прават тоа на далечина, онлајн, во временска рамка што е „тесна“ за предавање, за посветување доволно внимание на секој ученик, за објаснување на нејасното, за тестирање и проверка на знаењата на сите ученици во виртуелната училница.
Нема образовен процес без оценка, нагласуваа надлежните, додека го пишуваа најновото упатство за оценување на учениците на далечина, кое изгледа совршено на хартија. Без оглед на тоа дали документот го пишувале практичари или луѓе што одамна заборавиле како реално треба да изгледа процесот на оценување, сепак, мора да им се признае дека на хартија тоа изгледа совршено. Кога условите за онлајн настава би биле совршени, веројатно само тогаш тие насоки би можеле да се применат во целост. Сепак, истите надлежни во Бирото за развој на образованието треба да знаат дека реалноста во домашните училишта е сосема поинаква.
Луѓето што го пишувале тоа упатство веројатно не знаат дека одговорите на онлајн тестот многу често погрешно и нереално ги бодува самиот компјутер, па кога ученикот ќе види освоени 2 поена од можни 20, доживува стрес, колку и да е сигурен дека научил и дека одговорил прецизно и точно. Исто така, надлежните веројатно не знаат дека освен загрижени и расплакани лица поради слабите оценки на тие онлајн тестови, на часовите постојано се случуваат прекини во врската, дека интернетот паѓа, дека често не им се отвора наставниот лист со прашањата, дека децата често немаат никој дома да им помогне во решавањето на тие технички проблеми и дека сето тоа им претставува дополнителен стрес. Онлајн наставата не е ни приближно иста со онаа во училница, па наставникот нема баш детален увид во тоа кој ученик е расплакан зашто има технички проблеми на часот, за да може го смири и да му укаже дека сѐ ќе биде во ред. Наставникот нема начин како во целост да ги провери стекнатите знаења, бидејќи ниту тестот на кликање, ниту усното испрашување во кратките наставни часови не може докрај да ја отсликаат објективноста на постигнувањата. Некои наставници веќе укажаа дека ова полугодие треба да биде изземено од оценување по примерот на други држави, бидејќи, според нив, оценувањето на далечина не е ни реално ни пожелно. Сепак, оценување имаше, а нема најави дека тој процес ќе престане.
Онлајн наставата не е ни приближно иста со онаа во училницата, па наставникот нема баш детален увид во тоа кој ученик има проблем со интернет-врската, кој ученик е под стрес зашто не му се отвора тестот, за да го смири и да му укаже дека сѐ ќе биде во ред. Наставникот нема начин како во целост да ги провери стекнатите знаења, бидејќи ниту тестот на кликање ниту усното испрашување во кратките наставни часови не може докрај да ја отсликаат објективноста на постигнувањата. Некои наставници веќе укажаа дека ова полугодие треба да биде изземено од оценување по примерот на други држави, бидејќи, според нив, оценувањето на далечина не е ни реално ни пожелно. Сепак, оценување имаше, а нема најави дека тој процес ќе престане
Се прашува ли некој од креаторите на образовните политики како се чувствуваат учениците? Ги прашува ли некој како им е навистина и како ставот што им го всадуваме ние возрасните дека „мора да се има висока оценка“ влијае на нивното емоционално и ментално здравје? Или, наместо тоа, најважно е да се испратат сите можни домашни работи до 19 часот, за да може да се формира оценка, затоа што мора така? Зошто има „мора“ во вакви вонредни услови? Зошто никој не ги прашува надлежните зошто и во овие услови е толку важна бројката, формата, кога и така таа не ја отсликува реалната слика? Зошто сите колективно се однесуваме како сѐ да е нормално и во ред?
Во овие услови, кога дневно бележиме над 1.000 новозаразени од ковид-19 и по 40 починати лица, во ова време кога и онака се доволно тешки секојдневијата, менталното здравје на децата треба да ни е на прво место. Образованието е процес што токму сега не треба да им создава каков било притисок на учениците. Во ова време најважно е да се размислува долгорочно на нивното здравје. Тоа што е потребно е да имаат некаков континуитет во работата, но системот притоа да не им создава притисок за оценки по секоја цена, бидејќи напнатоста што ја живеат сега може скапо да чини.