Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.
Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје – пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни, а починат е и пациент (72г) на 21 јуни, чиј позитивен резултат е потврден денеска.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2.588, активни 1.734
• Куманово 703, активни 250
• Дебар 83, активни 31
• Штип 276, активни 186
• Прилеп 235, активни 17
• Тетово 558, активни 322
• Струга 181, активни 101
• Велес 169, активни 34
• Битола 43, активни 14
• Охрид 120, активни 100
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 87, активни 50
• Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 12, активни 8
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 9, активни 6
• Ресен 70, активни 69
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1363 теста се преку: ИЈЗ –533, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –73, Биотек –159, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори) -179, Судска медицина-13 и Систина со ПЦР метода -239 . Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на ковид-19.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 402
• Аеродром – 136
• Бутел – 138
• Гази Баба – 150
• Центар – 131
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 80
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 49
• Илинден – 31
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 15
• Сопиште – 12
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4