Старецот од старскиот дом „Сју Рајдер “ во Битола, кој беше позитивен од коронавирусот, оздраве и денеска ја напушти Клиничката болница во Битола.
Според информациите од домот за стари лица „Сју Рајдер“ Битола, штитеникот на домот, кој има 85 години, по анализата на брисевите во два наврати бил негативен, по што тој, по дваесетина дена лекување, како здрав човек бил отпуштен од Клиничката болница.
Инаку, 85-годишниот битолчанец во Домот за стари лица 2Сју Рајдер“ во Битола беше сместен на 18 март.
Откако резултатите од тестирањето биле позитивни, тој на 2 април беше хоспитализиран во Клиничката болница, со сомневање дека е заболен од коронавирусот, кој наводно го добил од неговата внука која била дојдена од Германија, а со која пензионерот имал контакти.
М.М.