Пандемијата на коронавирусот го погоди целиот свет и бидејќи се загрозени сите возрасти, на новороденчињата во тајландската болница им е дадена дополнителна опрема за да се заштитат од можноста за инфекција.
Фотографиите на новороденчињата од болницата во Бангкок со розови визири набргу станаа хит на интернет и го разнежнија светот.
И додека католиците го слават Велигден, на Тајланд се слави Сонгкран, нивната Нова година. Но, со оглед на тоа што Тајланд има 2.423 потврдени случаи на коронавирус и 32 смртни случаи, а повеќе од половина од случаите се пријавени во Бангкок, прославите нема да се одржуваат на јавни места.
Минатата недела владата воведе полициски час во целата земја помеѓу 22 часот и 4 часот наутро.