На каналите на социјалните мрежи за комуникација со граѓаните на теми за справување со последиците од коронавирусот, беше стримувана информативната видеосесија која ја опфати темата за психолошката поддршка за граѓаните на кои тоа им е потребно, а која произлегува од мерките за спречување на ширењето на ковид-19.
За време на видеосесијата беа посочени телефонските броеви, и другите канали за комуникација за психолошка поддршка, што Министерството за здравство во соработка со Клиниката за психијатрија ги отворија за бесплатна психолошка помош и тоа за различни структури и групи на граѓани.
На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката за психијатрија, и тоа:
На 078/378-766 можат да се јавуваат трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат во периодот од 9 до 16 часот;
На бројот 072/919-009 лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат во периодот од 9 до 16, како и преку апликацијата „Вибер“;
На бројот 070/291-657 е овозможена психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот од 9 до 16 часот.
За потсетување, функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка, како бројот 072/912-676 за родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст.
Возрасните лица, кои се во самоизолација, можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.
Бројот 078/378-728 е определен за тинејџерите и нивните родители, а бројот 070/291-574 за родители на деца со попреченост.
Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус, истакнаа гостите во видеосесијата Иво Куновски, психолог и Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, кои се дел од тимот на Клиниката за психијатрија кои работат на овие линии за прва психолошка помош.
Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант, истакна дека стравот, вознемиреноста, и напнатоста се разбирливи од стравот од непознатото и дека одговорот на оваа ситуација може да биде дневна доза за оптимизам, разговори, како и да се користат интернетот и другите медиумски извори каде што можат да се најдат содржини, како и содржини кои нудат одредени едукативни содржини на кои граѓаните можат да им се посветат во периодите на изолација.
Стручните лица од Клиниката за психијатрија кои работат на поддршката на граѓаните потенцираат дека физичката изолација не треба да се идентификува со социјалното дистанцирање, и дека и во оваа ситуација треба да се пронајдат креативни и практични решенија за дружење и за лесни физички активности во моментите кога воведените мерки го дозволуваат тоа, или за време на забраната за движење кога социјалното дружење може и треба да се остварува преку интернет и социјалните мрежи.
Во текот на информативната видеосесија беше нагласено дека од оваа ситуација треба да се изведат позитивните придобивки како што е поголемото квалитетно време кое во оваа ситуација им се отвори како можност на членовите на семејствата кое треба да се искористи за меѓусебна поддршка и охрабрување кое како резултати може да ги зацврсти врските и довербата