Деветнаесетгодишната Ајана е првиот женски артист во „Урбан рекордс“. Таа го проби мразот со песната „Не ме моли“, за која музиката и текстот ги напиша самата. Мелодијата е во трап, аренби-стил, а аранжманот и мастерингот се на Иван Јованов-Ивајо. Видеоприказната се снимаше на две локации во Скопје, а спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски од „Гуд ај продакшн“.
Ајана потекнува од музичко семејство, а на шестгодишна возраст ги зела првите часови по пијано во музичкото училиште во Куманово, каде што ги остварила и првите настапи како соло-пејачка на училишните концерти.
Песната „Не ме моли“ може да се слушне на јутјуб-каналот на „Урбан рекордс“.